fbpx
Вести

Интензивни подготовки за десетата по ред, “Штипска пастрмалијада“

Интензивни подготовки за десетата по ред, јубилејна, “Штипска пастрмалијада“. Во тек е поставувањето на главната сцена, која годинава ќе биде на спротивната страна, во непосредна близина на ново изградениот кружен тек на раскрсницата „Дујле“. Новата позиција е одбрана со цел да нема привилигирани гости, а изведувачите да бидат поблиску до публиката.

intenzivni podgotovki za desetata po red shtipska pastrmalijada

 

– Има простор за публиката да биде поблиску до оние кои што ќе настапуваат според програмата, додека позициите на штандовите исто така се добро распоредени да имаат сите прегледност-изјави Кирил Панајотов, од ЛС-Штип.

Во текот на утрешниот ден ќе бидат поставени 30-тина штандови, односно продажни места на кој ќе се нуди познатиот штипски специјалитет по унифицирана цена од 120 денари.

– Цената на пијалоците е дефинирана, ценовниците ќе бидат изложени пред секој штанд, угостителски објект, така што се надеваме дека сите љубители на убавата штипска пастрмајлија и добрата забава ќе не посетат во претстојните три дена.- изјави Емил Попадинов, координативно тело на угостителите.

На 16-ти, 17-ти и 18-ти септември, ќе настапат бројни музичари од земјава и соседството. Во петок свој настап ќе има Ристо Самарџиев, во сабота култните „Рибља чорба“, а во недела ѕвезда на вечерта е Здравко Чолиќ.

Тагови

Слични написи

Back to top button
Close