Инвестиција во 4 стартап компании за развој на дигитализација на земјоделството
Четири стартап компании се добитници на финансиска поддршка во рамките на првиот „Предизвик за дигитализација на земјоделство” кој го спроведува Фондот за иновации и технолошки развој (ФИТР) во соработка со Министерство за земјоделство, шумарство и водостопанство (МЗШВ) и Програмата за зголемување на пазарната вработливост (ИМЕ) финансирана од Швајцарската Агенција за развој и соработка.
Четири стартап компании се добитници на финансиска поддршка во рамките на првиот „Предизвик за дигитализација на земјоделство” кој го спроведува Фондот за иновации и технолошки развој (ФИТР) во соработка со Министерство за земјоделство, шумарство и водостопанство (МЗШВ) и Програмата за зголемување на пазарната вработливост (ИМЕ) финансирана од Швајцарската Агенција за развој и соработка.
Добитниците се: проектот: „FIELLDTEQ – дигитална земјоделска мултијазична платформа и мобилна апликација” на скопската компанија 8ТЕК; АгФутура Технологии со проектот „Центар за дигитално земјоделство”, Агродидаем Технологија – Битола со проектот „Агромилк Д21- Контролер за резервоари за млеко” и Дрон Опс од Штип со проектот „Конструкција на дрон за набљудување, мерење и аналитика”.
Овие домашни стартап компании со своите решенија ќе работат на трансформација на земјоделскиот сектор и ќе придонесат кон поефикасно и поодржливо земјоделство, соопштуваат од ФИТР. Тие понудија иновативни решенија чија имплементација директно ќе се рефлектира врз продуктивноста, попрецизното земјоделство како и врз зголемувањето на приходите на земјоделците.
„Континуирано работиме на креирање ново портфолио, со инвестиции потесно насочени кон одредени сектори, од голема важност за развој на економијата. Глобалните трендови покажуваат дека технологиите се клучни во развојот на земјоделството и затоа ќе продолжиме да инвестираме на тоа поле и во иднина. Програмите што ги креираме, од повик до повик покажуваат дека сме на добар пат да го трансформираме македонскиот стартап еко систем “, посочи Коста Петров, директор на ФИТР, додавајќи дека, на предизвикот кој беше отворен од 16 март до 16 април годинава, се пријавиле 38 компании.
Вкупниот буџет за финансирање на 4 избрани решенија изнесува 6 милиони денари (97,5 илјади евра). За поединечен предлог проект ФИТР обезбедува до 90 отсто од вкупниот буџет, а максимум 1,5 милиони денари. Апликантот треба да обезбеди минимум 10 отсто од буџетот на проектот, а рокот за реализација е 12 месеци.
Поддржаните компании ќе добијат менторска и поддршка во комерцијализација на иновациите од Програмата за зголемување на пазарната вработливост (ИМЕ).https://meta.mk/fitr-za-prv-pat-investira-vo-4-startap-kompanii-za-razvoj-na-digitalizacija-na-zemjodelstvoto/