fbpx
Вести

ИПА: ПРЕСЕК И СОСТОЈБА

ipa

Федерацијата на фармерите на РМ и голем број на други невладини организации присуствуваа на трибината во Секретаријатот за европски прашања посветена на ИПА, на која Заменик Претседателот задолжен за европски прашања, Бујар Османи во улога на Национален ИПА координатор го презентираше статусот со искористувањето на средствата од ИПА, пред структурата задолжена за реализација на овие средства, но и пред граѓанските организации во чии интерес е распределбата на странската помош во Македонија.

Тема на трибината беше „ИПА: ПРЕСЕК И СОСТОЈБА – Унапредување на апсорпцијата на ИПА средствата“. Вработени во стручните служби на Секретаријатот направија презентација на статусот на ИПА, во кој детално е прикажана состојбата во ИПА структурата. На трибината беа прикажани податоците за искористеноста, пречките, проблемите и предизвиците, како и првичните заклучоци за можни подобрувања.

Според подготвениот извештај, искористеноста на таканаречениот ИПА 1, чија распределба на средства се одвива во периодот од 2007-2013 година, е околу 70%. Извештајот покажува дека 120 милиони евра е пропуштено да бидат искористени во минатото, а за дополнителни 30 милиони евра, постои ризик да бидат изгубени, доколку не се реализираат до крајот на годината.

За ИПА 2 2014-2020, каде на располагање за распределба во периодот од 2014 до 2020 година, се ставени нови над 600 милиони евра, 445 милиони евра се веќе програмирани, што значи, распределени за натамошна имплементација по проекти. Сепак, според извештајот, и кај ИПА 2, над 40 милиони евра веќе се изгубени и во фазата на самото програмирање, а притоа, сѐ уште е актуелен и ризикот за нецелосна реализација на она што е веќе испрограмирано, слично како и кај средствата од ИПА 1. Едни од предлозите кои со години се даваа од страна на ФФРМ е да има гарантен фонд наменет за невладиниот сектор за искористување на ИПА фондвите, како и гарантен фонд наменет за земјоделците за поголемо искористување на средствата од ИПАРД програмата наменети за земјоделство и рурален развој, како и поголема едукација и финансиска подршка за руралните жени за да можат да бидат финансиски способни и можни да аплицираат за ИПАРД програмата. Ваквите барања со образложение ќе бидат и во писмена форма доставени до Секретаријатот за европски прашања.


 

ффрм.орг.мк

Тагови

Слични написи

Back to top button
Close