fbpx
Агро бизнисВестиМакедонијаТоп вести

Јосифовски-Проценката на тутунот е во задоволителни рамки иако може да се подобри

Преостанува да се избориме за повисоки цени по класи во договорите за наредната реколта

Општ заклучок е дека проценката на тутунот е во задоволителни рамки иако може да се подобри, смета Васко Јосифовски од здружението на тутунари Тутунска надеж, кое со двајца поверенеции се вкучени во процесот на откуп на тутунот.

-Согласно моите овластувања денес бев во контрола на неколку откупни пунктови на тутун во Битолскиот регион. Проценката секаде се одвиваше согласно правилникот и квалитетот на тутунот, поверениците и проценителите заеднички изнаоѓаа начин за колку што може пофер проценка. Разговарав со неколку тутунари и општ заклучок е дека проценката е во задоволителни рамки иако може да се подобри, но дека цената по класи не дава да се постигнат повисоки цени. Преостанува да се избориме за повисоки цени по класи во договорите за наредната реколта и заедно со Владата да изнајдеме начин тутунарите да бидат обесштетени со субвенции од 100 денари за секој предаден килограм и тоа во период од една седмица од завршување на откупот, изјави Васко Јосифовски, основач на „Тутунска надеж“, вклучен во процесот на откуп на тутунот.

Нема достапен опис

Тагови

Слични написи

Прочитајте исто така

Close
Back to top button
Close