fbpx
Вести

Иран забрани извоз на турска стока во Русија

Иранската трговска организација (ТПОИ) им забрани на своите фирми извоз на турски производи во Русија, пренесоа тамошните медиуми цитирајќи ја изјавата на заменик-директорот на организацијата, Мохамер Рез Мовадвади. Русија забрани увоз на низа турски земјоделски производи кога турската војска го собори рускиот авион „су-24“ во Сирија на 24 ноември минатата година.

iran zabrani izvoz na turska stoka vo rusija

 

Мовадвади нагласи дека реекспортот е во спротивност со иранската општа извозна политика и додаде дека иранските трговци треба да ги искористат пријателските врски на Иран со Русија за да извезуваат иранска стока. Потпретседателот на Стопанската комора на Иран, Мохамедреза Ансари, истакна за руски „Спутник” дека земјата планира да го зголеми извозот на производи во Русија, особено на прехранбени, токму поради поволните економски врски меѓу двете земји. Мовадвади истакна дека забраната за извоз на турски производи во Русија е донесена врз основа на декрет на иранскиот министер за трговија, Мохамед Резе Нематзадеха.

Тагови

Слични написи

Back to top button
Close