fbpx
ВестиМакедонијаТоп вести

Иселувањето ги остави нивите во гостиварско без земјоделци

Иселувањето е најголемиот проблем што нивите во гостиварскиот регион остануваат необработени

Кромид, зелка, компир се традиционалните производи, кои се одгледуваат на површините во гостиварско. Така било отсекогаш, така е и денес, но разликата е што површините засадени со овие традиционални производи се намалени.

Меѓу најголемите причини за намалување на површините се иселувањето на младите, по селата остануваат повозрасните, а овие земјоделци веќе нема кој да ги замени.

-Сега на пример речиси и да нема млади земјоделци. Имаат над 50 години луѓето кои се занимаваат со земјоделие. Јас сум 25 години во оваа дејност. Како беше пред 10 или 20 години не можеме да споредиме. Имаме се уште произведувачи, ама немаме купувачи, од друга страна тие што се занимаваат со земјоделие се откажуваат, а немаме млади земјоделци. Мерката млад земјоделец во Гостивар ниту еден не ја искористил дека нема млади земјоделци, вели агрономот Северин Фазлија.

Агрономот Фазлија, вели дека и тие земјоделци кои останаа во гостиварско претежно повозрасни произведуваат добар и квалитетен род во задоволителни количини, ако се земат во предвид намалените површини засадени со земјоделски култури. Но бадијала вели тој, ако нема родот каде да го продадат. Нема откупни центри, па најчесто откупувачи ќе дојдат ненајавено и не уценуваат. Лани вели поминале добро со познатиот кромид од Бањица, но сега цената на овој производ е многу намалена. И компирот годинава има доста голем род, но со ниски цени кои откупувачите ги даваат, најверојатно овој производ ќе заврши во реката Вардар или пак на депонија, пракса кој се случувала многу често.

-Имаме добри приноси на кромид, ние сме меѓу најдобрите во Македонија па и пошироко , работата е што имаме големи површини засадени со кромид, а нема каде се пласира. Земјоделците се во мака. Лани поминавме многу добро, а тоа се случува еднаш во десет години, имавме добра цена на кромидот, а годинава е 15 денари максимум, имаме големи осцилации во цените, затоа што немаме откупен центар ,ни во Тетово ни во Гостивар и затоа манипулираат со ниските цени откупувачите. Годинава имаме пак големо производство на компир и многу се засади имаше и добар род, и за овој производ нема пласман. Иако е ниска цената никој не го купува, ако не се продаде ќе го фрлиме во депонија или Вардар. Постои ризик да не се продаде може и земјоделците да ја намалат цената само за да се продаде, па откупувачите да го купат. Земјоделците постојано се во неизвесна ситуација, затоа што голем број гостиварци се отселени и нема каде да се пласира, односно нема народ за да го купи, па се носи компирот во Скопје, но и таму има многу производи односно конкуренција и таму не можат да се снајдат , а има и увоз на компир од Албанија и Косово,рече агрономот Фазлија .

             И природата им сврте грб на земјоделците 

Невообичаеното топло време негативно ќе влијае на приносите на есенските земјоделски култури посебно на пченицата и јачменот. Познавачите на приликите, велат дека ако не заврнат пролетните дождови во поголеми количини, оваа година ќе биде една од најсиромашните посебно за пченицата.

-Невобичаените временски услови годинава негативно ќе влијаат на есенските посеви поготово на пченицата и јачменот. Сега ако има дождови очекуваме да се подобри состојбата, приносот ќе се намали во секој случај, нема да биде толку страшно ако имаме врнежи, а ако немаме врнежи ќе имаме проблеми со формирањето на класот. Ако имаме врнежи тогаш со фрлање на вештачки ѓубрива очекуваме да ни се намалат загубите, зависно од тоа како ќе се справат со плевелите земјоделците. Воглавно во гостиварско се одгледуваат пчениците од видот Оровчанка, Балкан и Новосадски и за сточарите имаме некои сорти пченица, а тие даваат поголеми приходи. Во Гостивар немаме многу големи количини засадени со пченица сега се намалени површини до 50 до 60 % засадени со оваа култура. Значи не е како порано, кога од Гостивар се продаваше семенски материјал, велат агрономите.

Површините засадени со традиционалните пченица и јачмен се намалуваат, пред се поради намалувањето на сточниот фонд, иселувањето, но и немањето интерес од младите да се занимаваат со оваа дејност.

Во горнополошките полиња односно гостиварско пченица се сади на околу 2.500 хектари површина.

Зоран Димовски

 

Слични написи

Back to top button
Close