fbpx
ВестиОгласник

Јавен повик за учество во пилотни активности за диверзификација и подобрување на ефикасноста на земјоделските стопанства во Македонија

 

Во рамките на инструментот за претпристапна помош (ИПА Компонента 1), во јануари 2018, конзорциумот Еволуксер во партнерство со Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство започна со имплементација на проектот „Градење на основи за реформи во тутунскиот сектор“ финансиран од страна на Европската Унија. Главната цел на овој проект е да придонесе во адаптирањето на тутунскиот сектор кон Заедничката земјоделска политика (ЗЗП) и регулативата на ЕУ. Во насока на постигнување на главната цел, проектот е структуриран во 5 активности, од кои активноста број 3 има за цел спроведување на избор на учесници за пилот активности, како што е опишано во продолжение: Активност 3: Проектирање на пилот активности за диверсификација на приходите остварени од производството на тутун, со воведување на алтернативни култури и / или зголемување на ефикасноста на производството на тутун. Повикот се однесува на земјоделски стопанства производители на тутун кои имаат сопствено или земјиште во владение и би сакале доброволно да земат учество во проектните активности, поточно во рамките на активноста 3. Поддршката за имплементација на пилотните активности ќе биде обезбедена од страна на проектот, преку ангажирање на експерти од областа кои ќе бидат задолжени за спроведување на активностите и вршење теренски надзор. Ќе бидат спроведени 40 пилот активности кои ќе се одвиваат во различни периоди од годината (2018/2019). Проектот ќе обезбеди семенски материјал, репроматеријали и секаков вид на други набавки кои се потребни за соодветно спроведување на пилотните активности.

Критериумите кои треба да се земат предвид при изборот на соодветни земјоделски стопанства за пилот активностите се: • Локација на земјоделското стопанство (Прилеп, Битола, Радовиш, други) • Статус (Земјоделски производител на тутун / правен субјект) • Површина на која се одгледува тутун (најмалку 0,2 ha) • Тип на одгледуван тутун • Ротација со други култури  Вид на добиток: говеда, овци, кози· • Површина која се наводнува (минимум 0,05 ha) • Механизација и опрема во употреба (машина за садење тутун, прскалка за заштита, хидраулична сеалка за житни и/или фуражни култури, друго) • Достапност на работна сила *Формуларот за аплицирање може да се преземе од следниот линк: Апликација Во рамките на географската распределба на пилот-активностите ќе се валидираат климатските услови поволни за одгледување на тутун и други култури. Вкупната површина на земјоделското земјиште за пилотните активности треба да биде со површина од минимум 0.4 хектари, од кои вкупно расположливо земјиште за пилотните активности е минимум 0.2 хектари, евидентирани во регистрите на МЗШВ. Наводнувањето ќе биде предност при избор на пилот земјоделските стопанства. Оние земјоделски стопанства кои располагаат со земјоделска механизација наведена погоре во критериумите, ќе имаат предност во изборот. За реализација на пилотните активности потребна е работна сила која комисијата за селекција ќе ја верификува со изјава за достапност на едно лице кое ќе биде ангажирано за пилотната активност со кое проектот ќе склучи договор.

Изборот на учесниците ќе го изврши комисија за селекција формирана за потребите на оваа активност од проектот. Апликациите ќе бидат разгледани во рок од 10 дена по истекувањето на рокот за поднесување на апликации.

Предвидено е согласно дефинираните критериуми за селекција, да се изберат 40 апликантиземјоделски стопанства, производители на тутун на кои ќе им биде дадена поддршка во текот на имплементацијата на проектот. Предност при изборот ќе имаат земјоделските стопанства кои се дел од ФАДН системот за сметководство на фарми. Со секое од одбраните земјоделски стопанства, производители на тутун, ќе се потпише договор во кој ќе бидат прецизирани правата и обврските на секој од потписниците. Сите заинтересирани земјоделски стопанства / производители на тутун за дополнителни информации може да се обратат на следните телефонски броеви 02 / 3134-477, лок. 707, и 02 / 3134-477, лок. 55. Апликацијата за учество може да се преземе од веб-страниците каде што е објавена: https://www.mzsv.gov.mk/, https://www.finance.gov.mk/, https://agencija.gov.mk/или да се подигне во печатена форма директно од проектната канцеларија (220) во зградата на Министерството за земјоделство шумарство и водостопанство. Приемот и регистрацијата на пополнетите апликации ќе се вршат во проектната канцеларија, од 17 август до 17 септември, од 09.00 до 15.00 часот или да се испратат по пошта на адреса „Аминта Трети“ бр.2 -1000 Скопје, со назнака за учество во проектот „Градење на основа за реформи во тутунскиот сектор“- канцеларија бр.220. Крајниот рок за поднесување на апликациите во печатена форма е 17 септември 2018 година, до 15:00 часот.

извор: agencija.gov.mk

Тагови

Слични написи

Back to top button
Close