Потребите во исхраната на козите се одредуваат према нивната жива маса. Вкупните потреби се состојат од одржна и производна храна.
Дневните потреби на една коза од 40 кг се состои од 1,5 кг сено или 4,5 кг. трева.
Во текот на годината, козите немаат потреба од производен дел на дажба само во првите три месеци на бременоста. Кога млечноста е мала, а исто така кога бременоста е ниска.
Производниот дел од дажбата треба да е застапен 9 месеци во годината. Тој служи за производство на млеко и за пораст на плодот во втората половина на бременоста. Кај кози од две години старост во производниот дел влегува и делот за пораст на грлото.
За втората половина на бременоста на одржниот дел се додава производен дел и тоа:
– Во четвртиот месец на бременост 0,5 кг сено или 1,5 кг паша-трева.
– Во петтиот месец на 0,75 кг сено или 2,25 кг трева.
За производство на млеко кај козите за секој литар млеко , на одржната дажба се додава:
– 0,75 кг сено или 2,25 кг трева со масленост на млекото од 3-3,5%.
– 1,0 кг сено или 3,0 кг трева со масленост на млекото 4,0%.
Зимска исхрана на козите
Кај нас е заснована на сено но и со друга храна. Кога козата се храни исклучиво со сено може да се даде од 2-3 кг во зависност од тежината и производството. При ова треба да се има во предвид и растурот на храна (поради одбиране) од 30-40%
Во исхраната може да се вклучи и силажа или сенажа. Расипана и мувлосана храна не треба да се дава . Можи да се користат и сувите резанци, сламата и сл.
Потребите за вода кај козите се помали во споредба со другите домашни животни.
Потребите за вода во почетокот на бременоста е 3,5-4 л а за коза во лактација 3-4 литри на 1кг консумирана сува материја .
Потребите во протеини, минерални материи и витамини исто така се многу важни во исхраната на козите и секој недостаток носи последици .
Летна исхрана на козите
Најчесто, летната исхрана претставува пасењето. Козите при пасењето секогаш ги користат само младите делови на растението. Дневните потреби од напасување кај козите е 4 до 7 часа.
Јарците се држат под исти услови но не во близина на козите.
Преминот од зимско на летно пасење треба да е постепен за да се избегне проливот и сл. Првите две недели од почетокот на пасењето, треба наутро да им се дава сено.
Дополнителна храна за козите
Како дополнителна храна е концентратот, но како скапа храна по потреба да се дава на високо млечните кози. Најдобро за козите концентратите да им се мелат покрупно (прекрупа ).
На јарците пред и после 6-7 недели од парењето да им се дава по 0,5- 0,6 кг. концентрат.
Исхрана на јариња
Најдобра храна за јарињата е мајчиното млеко. За да се постигне 1 кг. прираст кај јарињата , потребно е 7-8 литра млеко.
Исхрана на дојни јариња
На старост од 7-10 дена јарињата треба да имаат на располагање концентрат, сено и вода. Во почетокот консумираат малце храна, но потоа консумацијата се зголемува така што на старост од 6 недели јарињата се со тежина од 12 кг, а на 2 – 3 месеци достигнуваат 15-20 кг.
На оваа тежина јарињата се одлачуваат.
Концентратот се дава по желба но до 350 грама дневно.
Исхрана на одлачени јариња
Зависи од тоа дали се за продавање, гоење или за приплод. Гоењето на јарињата до 20 – 30 кг, може да се изведе со пасење или шталски а да се постигне за 4 – 6 месеци, со просечен дневен прираст од 175 грама.
Исхраната на јарињата за приплод треба да е таква , за 7 – 8 месеци да достигнат тежина од 30 – 35 кг . За да не дојде до гојна кондиција, концентратот да не е поголем од 350 грама дневно, додека сеното се дава по желба.
Исхрана на рано одлачени јариња
Заради добивање на поголема количина на млеко, раното одлачување може да се изведе на два начина:
Веднаш по примањето на колострално млеко се врши вештачко напојување со козјо, кравјо или замена за млеко, со додавање на концентрат и сено;
Одлачување на старост од 30 дена, се одлачуваат и хранат исклучиво со концентрат и сено.
При вештачкиот начин јарето не се пушта кај мајката, туку веднаш се оди кон вештачко хранење. Доколку пак јарето цица, тоа да не е повеќе од два дена. После тоа уште пет дена се дава мајчино млеко, а потоа седум дена се храни со кравјо млеко или со замена за млеко. На јарињата не треба да им се дава млеко по желба и важно е да се почитува редот во исхраната. Првите десет до петнаесет дена се дава три пати по 50 гр млеко, за на крајот од втората недела количината достигне до 1,5л дневно. На старост од шест недели, количината се намалува на 0,5л, а после тоа сосема се прекинува. Најбитно е доењето да престане со тежина од 10-12 кгр. За целото време додека трае вештачкото доење, уште од седмиот ден, се дава квалитетна смеска и сено по желба, за привикнување. После млекото исхраната продолжува само со концентрат (350 гр дневно). За цело време треба да има чиста вода на располагање.
На три недели возраст јарињата почнуваат со цврстата храна, а на шест недели желудецот е потполно развиен и способен за варење на истата храна. Одлачувањето може да биде и порано, но најдобро е ако се направи на возраст од триесет дена. Одлачувањето треба да биде постепено за да се избегнат евентуалните последици.
Петар Трајковски Советник по сточарство во АПРЗ