Исмаил Текешаноски: Ново си е ново, ем поубаво ем полесно
Исмаил Текешаноски од с. Канатларци општина Прилеп својата механизација ја обнови со нов трактор од брендот John Deere. Смета дека со новиот трактор ќе може полесно да ги завршува обврските што ги има во своето стопанство.
Целото семејство на Исмаил живее од земјоделие и е вклучено во земјоделските активности. Одгледуваат 300 глави овци, а обработуваат и земјиште со пченка, пченица, тутун и бостан. Располага со мал дел сопствено земјиште, а има земено и нешто под кирија. Од тутунот задоволен е па и оваа сезона го насадија. Со јагнињата вели дека слабо поминале заради ниската откупна цена, но мора да се работи, ќе продолжиме и понатаму, вели Исмаил.
-Имам еден трактор, ама со новиот трактор ќе можеме побрзо да ја завршуваме работата. Ново си е ново, ем поубаво ем полесно. Имам роднина кој купи трактор John Deere и имав прилика да го пробам. Многу e убав и полесен за управување, затоа се одлучив и јас да купам. Дојдов во Синпекс каде ми понудија одлични услови и еве сега си одам дома со нов трактор од моделот 5045Д, вели за Зелена берза Текешаноски.
Ова е уште еден доказ дека обновувањето на механизацијата со нова помодерна е од големо значење за секој сериозен земјоделец.
-Земјоделието е тешко ама може да биде и задоволство доколку се користи нова механизација, рече Исмаил.
П.Ј.