Проект за имплементација на добри земјоделски пракси

(Oвој напис е објавен на: February 6, 2017)

Федерацијата на фармерите (ФФРМ), Агенцијата за поттикнување и развој на земјоделството и словенечката компанија Даталаб денеска во Струмица ќе го промовираат проектот 100 фарми преку кој 100 земјоделци ќе добијат опрема за менаџирање на фарма со користење на информатичко – комуникациски технологии, пишува Миа.

“Со овој проект ќе се започне со поинтензивно спроведување на активностите што ќе значи вклучување на дополнителни 100 фарми во примерокот на фармери, кои ќе користат модерни информатичко – комуникациски технологии за потребите на водење на сметководство на фарма и евиденција на агротехнички мерки што, пак, претставува компонента на добрите земјоделски пракси“, велат од ФФРМ.

Ова, додаваат, е во рамки на една поширока активност на која ФФРМ и Даталаб работат во изминатите две години. Во моментот веќе се врши имплементација на примерок од 15 фарми во рамките на комплементарниот проект со наслов Агро ИТ.