вестиМакедонијаТоп вести

Исплатени субвенциите за сите земјоделци кои имаат обработлива површина до 1 хектар

Станува збор за исплата по мерката „Директни плаќања за обработлива земјоделска површина со големина од 0,2 до 1 хектар

Агенцијата за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој, на сметките на 1.447 лица исплати 11,3 милиони денари за сите фармери кои имаат мали земјоделски стопанства. Директорот на АФПЗРР, Николче Бабовски, преку соопштение појаснува дека станува збор за исплата по мерката „Директни плаќања за обработлива земјоделска површина со големина од 0,2 до 1 хектар.

Оваа мерка се спроведува за прв пат а корисници на истата се земјоделски стопанства кај кои збирната површина на катастарските парцели евидентирана во Единствениот регистар на земјоделски стопанства не надминува 1 хектар и воедно не се корисници на директни плаќања од подмерките1.1, 1.5, 1.8 и 1.11 од Уредбата за директни плаќања.

Финасиската поддршка за сите земјоделци кои имаат производен капацитет од 0,2 до 0,5 хектари, изнесува 6.000 денари по земјоделско стопанство. Додека, за оние корисници кои имаат производни капацитети од 0,5 до максимум 1 хектар, обработлива површина, финансиската поддршка изнесува 12.000 денари по земјоделско стопанство.
Изминатиот период, Агенцијата ги исплати субвенциите за полједелците, за градинарите, за лозарите и овоштарите, одгледувачите на овци и говеда. Агенцијата за финансиска поддршка во земјоделството и руралнот развој, и во наредниот период ќе продолжи со редовната исплата на субвенциите за сите лица кои правно – законски се стекнале со право за користење на оваа финансиска поддршка.

Праксата за навремена и неселективна исплата на субвенциите продолжува. Парите за земјоделски субвенции се исплаќаат во период кога на земјоделците средствата им се најпотребни, односно, пред почеток на новата реколта. Оваа Влада, од почеток на мандат до денеска, исплати финансиска поддршка од околу 381,6 милиони евра за развој на агро – секторот.

Тагови

Слични написи

Back to top button
Close