Исплатени субвенциите за тутунот
Исплатени се субвенциите од едно евро за тутунот од ланската реколта. За откупените 25.000 тони, тутунарите добија 25 милиони евра од државата или заедно со постигнатата откупна цена вкупно по 4 евра за килограм. Ваквата добра заработка од ланскиот род го зголемија интересот за производството на тутунот и за оваа годинава.
Тутунарите ги добија субвенциите од по едно евро за предаден килограм тутун.
Со постигнатата просечна откупна цена од 196 денари заедно со субвенцијата на сметките им легнаа повеќе од 4 евра за секој измерен и продаден килограм на монополите.
Поради добриот квалитет на ланскиот род и поради добрата откупна цена која ја добија, земјоделците се решија и оваа година да го зголемат производството.
Тие направија за 250 договори за производство и продажба повеќе од минатата реколта и планираат да насадат тутун на површина поголема за 700 хектари.
Монополите брзаа да направат што повеќе договори со тутунарите, а колкав ќе биде родот ќе зависи од временските услови до крајот на бербата иако според планираното се очекува тој да тежи скоро 26.000 тони.