fbpx
ВестиМакедонијаТоп вести

Се асфалтира локална улица во Новаци

Со подобра инфраструктура до поквалитетен живот. Општина Новаци преку Светска банка реконструира улици во рамки на проектот „Подобрување на општинските услуги(МСИП)“

Во завршна фаза се  градежните активности за асфалтирање на локална улица во с.Новаци. Како што информираат од општина Новаци станува збор за инфраструктурен проект  “Реконструкција на локална улица во с.Новаци”  како дел од комплетно изработената проектна документација која општина Новаци на претходна апликација ја доби од Министерството за финансии во рамки на Проектот – “Подобрување на општинските услуги (МСИП)” финансирана од Светска Банка.

Со асфалтирање опфатена е улица  во должина од 505 м  со  два краци и ширна од  4 метри а  за нејзината реконструкција од буџетот на општина Новаци се издвоени 3.052.314 денари.

Согласно проектот комплетната реконструкција опфаќа одводнување, бетонска каналета и сливници поврзани со бетонскиот канал за атмосферска канализација и асфалтирање на коловозот.

Изведувач на градежните работи е СВ ИНВЕСТ ДООЕЛ Битола.

“Ова е уште еден од низата значајни инфраструктурни проекти кои оваа година се реализираат во општина Новаци.Оваа улица години наназад беше во многу лоша состојба состојба со попречни и подолжи пукнатини, дупки и оштетувања и претставуваше навистина голем проблем за жителите од оваа улица.И покрај сите здравствени и економски последици предизвикани од  Ковид-19, продолжуваме со капиталните инвестиции и на тој начин придонесуваме движење на економијата во услови на криза.Дадениот збор пред граѓаните е веќе реалност.Продолжуваме да работиме во интерес на граѓаните.Продолжуваме да градиме по план и да обезбедуваме квалитетна инфраструктура  за нормално одвивање на сообраќајот и подобрување на квалитетот на живот на нашите сограѓани.”-истакна градоначалникот Кузманоски

Во иднина Општина Новаци  е спремна со веќе изготвени проекти да продолжи со поголемо темпо да работи на реализација на истите со цел подобар и поквалитетен живот на сите свои граѓани.

 

 

 

Слични написи

Back to top button
Close