
Исплатите на субвенциите ќе продолжат тековно, земјоделците не треба да се грижат-рече Трипуновски
Сточарите ги чекаат субвенциите за овците и премијата за млекото. А субвенции чекаат и градинарите и овоштарите. Платежната е поделена на две структури ИПАРД и државните субвенции. Не се загрозени субвенциите за земјоделците.
Исплатите на субвенциите ќе продолжат тековно, земјоделците не треба да се грижат- рече министерот за земјоделие Цветан Трипуновски.
-Платежната агенција е поделена на две структури на националните плаќања – субвенциите кои ги исплаќаме од нашиот национелен буџет, а другиот сектор е реализација на ИПАРД средствата на кои што сме корисници како средства од Европската Унија. Овој сектор на ИПАРД средствата е под на наша национална ревизија заради тоа што се случувало внатре, додека останатите тековни плаќања од националната програма по однос на националните финансирања ќе си продолжат тековно, туку не треба земјоделците да се загрижени, нема да бидат запрени, рече министерот Трипуновски во интервју на Канал 5.
Сточарите ги чекаат субвенциите за овците и премијата за млекото. А субвенции чекаат и градинарите и овоштарите.
А.Б




