Истекува рокот кој земјоделците и го поставија на власта
Земјоделците кои протестираа по патишта во земјава и денеска чекаат да им се исплататат судбенциите за минатата, но и за претходната година. На министерствата за финансии и земјоделство и на Платежната агенција им дадоа рок, кој истекува утре. Во спротивно најавија радикализирање на протестите, по празникот на трудот. Претседателот на Федерацијата на фармери, Никола Стаменов бара под итно да се исплатат субвенциите и да се исплати обештетувањето за штетите од мразот, но според него улицата и протести не се начинот на кој треба да се поттурне постапката.
Во тек е проценката на штетите од мразот на лозовите и овошните насади. Земјоделците до 10 мај ќе ги пријавуваат во подрачните единици на министерствoтo, а во источна Македонија, каде што штетите се и 100 проценти до подрачните единици на Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство за еден ден комплетни барања доставиле над 1.000 земјоделци, кои според нивните проценки род на лозјата и на овошните насади нема да имаат ниту наредната година.