fbpx
Вести

Уставниот суд реши дека земјоделските субвенции може да се исплаќаат

zemjodelci

Уставните судии ги укинаа одредбите од Изборниот законик со кои беше забранета исплатата на субвенциите за земјоделство до формирање на нова влада. Ова значи дека сега веќе нема никаква пречка за исплата за субвенциите за земјоделците за 2015 и 2016 година.

Од Уставниот суд велат дека одлуката е донесена поради тоа што сегашните законски одредби биле нејасни и спротивни на Уставот.

„По официјално објавување на одлуката на Уставен суд во Службен весник таа стапува на сила и Министерствотои за финансии ќе пристапи кон исплата на субвенциите согласно динамиката предложена од Агенцијата за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој“, велат од Министерство за финансии.

Земјоделците седум месеци чекаат на субвенциите.


 

МКД

Тагови

Слични написи

Прочитајте исто така

Close
Back to top button
Close