fbpx
Агро бизнисВестиМакедонијаТоп вести

Историско намалување на површините под компири

Во Белгија, Германија, Франција и Холандија, површините под компири се намалија за три до пет проценти.

Засадувањето компири во северозападна Европа е при крај, а локалната Организација на производители (НЕПГ) објави дека површините под таа култура во Белгија, Германија, Франција и Холандија се намалени за три до пет проценти.

Тие исто така го опишуваат како историски момент, бидејќи падот последен пат е забележан во 2014 година, а претходните две децении, производството обично се зголемувало од година во година. Минатото лето, НЕПГ ги советуваше производителите да ја намалат површината под овој зеленчук поради тешката состојба на пазарот, што очигледно се случи.

Сепак, интересно е што преработувачите сè уште планираат да ги прошират постојните фабрики или да градат нови.

Организацијата на одгледувачи на компири од северозападна Европа наведува дека полошите временски услови го пролонгирале садењето во овие четири земји. Во моментов, раните сорти заостануваат околу две недели поради студеното време, а претежно сувото време може да има дополнително негативно влијание доколку остане така и во наредниот период.https://www.agroklub.rs/povrtarstvo/istorijsko-smanjenje-povrsina-pod-krompirom/68544/?fbclid=IwAR3Pu_ZZCs9q9kc0dJmFuBozMbM5-0Bu5XLT7M07wrpu4cEHZpvxt8NIcKs

Тагови

Слични написи

Back to top button
Close