
ССК: Активни мерки за поддршка на жените во приватниот сектор
Сојузот на стопански комори денеска ги презентираше активните мерки за поддршка на жените во приватниот сектор. Половина од фирмите во земјава се во сопственост на жени. Тие учествуваат со 50 % или над тој процент во сопственоста. Вкупно 12 % од нив се на раководни функции во јавниот и приватниот сектор, а само 4 % од нив се директори во компании кои се котираат на берзата.
Слободанка Алексовска од Агенцијата за вработување истакна дека со мерките за вработување се води сметка да се обезбеди полова рамноправност.
Претседателката на Здружението на бизнис жени Валентина Дисковска истакна дека според податоците од спроведена меѓународна анкета во земјава, жените повеќе се плашат од неуспех од отворање на фирма за разлика од мажите, иако сметаат дека условите за отворање на бизнис се добри.