fbpx
Агро бизнисБез категоријаВести

Истражување: Колку трошат бугарските граѓани во Берово, Пехчево и Делчево

Потрошувачката би можела да се зголеми за повеќе од една петтина, доколку се подобрат условите на патиштата во овој микрорегион, покажува истражувањето на ЦЕА

Граѓаните од Бугарија кои што доаѓаат во пограничните македонски градови Берово, Пехчево и Делчево, во просек трошат околу 253 евра месечно по посетител, но овој износ би можел да се зголеми за повеќе од една петтина, доколку се подобрат условите на патиштата во овој микрорегион. Ова го покажува истражувањето на Центарот за економски анализи кое што беше презентирано неодамна и кое што е финансирано Бугарската помош за развој во рамките на проектот „Република Северна Македонија – погранични економски активности со Бугарија: Запоставена димензија“.

Студијата покажа дека просечната возраст на посетителите од Бугарија е 40-тина години. Тие, според направеното теренско истражување, парите главно ги трошат за стоматолошки услуги, полнење бензин, или во малопродажбата. Така, како што наведуваат од ЦЕА, потрошувачката по деловна активност е следна: на бензински пумпи се трошат по 260 евра месечно, на стоматолози и амбуланти 329 евра месечно, во мали продавници 146 евра месечно, за такси услуги 20 евра месечно, во хотели и ресторани 248 евра месечно, на зелените пазари 203 евра месечно, а во поголемите продавници за малопродажба 352 евра месечно.

Истражувањето исто така покажува дека доколку се подобрат условите на патиштата во овој микрорегион, се очекува вкупниот промет од бугарските посетители да се зголеми за 22 отсто.

„Ефектот од подобри услови на патиштата, со оглед на очекувањата на бизнисите во овој микрорегион по деловна активност може да биде следниот: кај бензински пумпи е без ефект, кај стоматолозите и амбулантни возила 25 отсто зголемување, во мали продавници зголемување од 16 отсто, за такси услуги 21 отсто зголемување, во хотели и ресторани 20 отсто зголемување, на зелените пазари не се очекува промена, исто така и кај поголемите продавници за малопродажба.https://nezavisen.mk/

Тагови

Слични написи

Back to top button
Close