Агро бизнисВестиМакедонијаТоп вести

Две недели строги рестрикции-На земјоделците им се дозволува одење на нива и на пазари

Нови мерки: Забрана за движење од 20 часот

На денешната седница на Владата донесе нови мерки за заштита од Ковид-19.

На земјоделците им се дозволува одење на нива и на пазари.

Регистрираните индивидуални земјоделци, дозволите за движење треба да ги обезбедат преку подрачните единици на Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство, со цел непречено извршување на редовните активности.
Напоменуваме дека претходно извадените дозволи се важечки.
                                                                      *******************

Премирот Зоран Заев рече дека поради растот на бројот на заразени и починати, а на предлог на министерот за здравство Венко Филипче и Комисијата за заразни болести донесени се повеќе рестриктивни мерки.

Прво, забрана и посебен режим на движење на граѓаните од 20 до 5 часот наутро, почнувајќи од утре, до 20 април.

На граѓаните кои извршиле вакцинација им се дозволува враќање дома и во полициски час.
Се воведува и целосна забрана за посетители и гости во сите ресторани, кафулиња, хостели, мотели, хотели, а оние кои подготвуваат храна може да ја доставуваат  онлајн или по нарачка преку телефон, почнувајќи од 7 април до 20 април.

Исклучок се угостителските објекти во аеродромите во Скопје и Охрид, како и за хотелите, мотелите и хостелеите, за гостите сместени во објектите.

Се вовездува забрана за посета на обзложувалниците, уплата да се врши само на шалтер исто од 7 до 20 април.

Забрана за посета на сите фитнес сали, теретани и слично. Се забрануваат семинари, обуки, курсеви од 6 до 20 април.

Сите кои живеат во колективни домови и имаат куче може да ги шетаат од 22 до 23 часот, најмногу до 100 метри околу објектот.

Останува забрана за групирање повеќе од четворица на отворено.

Премиерот повика да се почитуваат мерките, да не се организираат прослави и собири.

Тој рече дека новиот сој на вирусот е далеку позаразен и поопасен од претходните и овој трет бран на пандемијата од Ковид-19 е многу посилен од претходните.

Тагови

Слични написи

Back to top button
Close