ВестиМакедонијаТоп вести
Иван Нацевски лице со попреченост одгледува кози и овци во родното Ерџелија
Иван Нацевски е 26 годишен, млад земјоделец и лице со попреченост ( низок раст и отежнато движење) . Иван е носител на земјоделското стопанство ( 70 грла кози и неколку грла овци) и со својата сопруга и родителите живее во Ерџелија. Сите учествуваат во работата на фармата но најмногу Иван со татко му ги делат обврските околу мозлење на млеко и пашата.
Националната федерација на фармери објави исклучително позитивна и мотивирачка приказна за Иван Нацевски од Ерџелија, лице со попреченост, ностел на земјоделско стопанство.
Објавата ви ја пренесуваме во целост-
Иван Нацевски е 26 годишен, млад земјоделец и лице со попреченост ( низок раст и отежнато движење) . Иван е носител на земјоделското стопанство ( 70 грла кози и неколку грла овци) и со својата сопруга и родителите живее во Ерџелија. Сите учествуваат во работата на фармата но најмногу Иван со татко му ги делат обврските околу мозлење на млеко и пашата.
Преку проектот „From DisAbility to FoodAbility“имплементиран од Националната федерација на фармери, а поддржан од Шведската органзиација за развој We Effect и Radiohjalpen Иван и неговото семејство добија поддршка преку унапредување на состојбата на нивната сточарска фарма со што се подобри хигиената на фармата и условите за работа на фармерот. Подобрените услови на фармата подобар ќе овозможат и подобар квалитет на млеко додека проширувањето на фармата значи и можност за зголемување на стадото што крајно ќе влијае на подобрување на егзистенцијата на семејството каде сточарството е главен извор на приход во семејството a семејството живее на праг на сиромаштијата. Тереснката посета е реалзирана од Васе Коцевски, млад земјоделc и член на УО на НФФ, Виданка Мартиновска, проект кординатор и Благојче Најдовски менаџер за членство и услуги.