fbpx
ВестиМакедонијаТоп вести

Тешка е маката тутунарска, дојдете уште помасовно-повикуваат од ИО за денешниот протест во Прилеп

Покрај протестот, паралелно ќе се одвива и откупот на тутунот.

Иницијативниот одбор ги повикува тутунарите од Прилепско што помасовно да се приклучат на денешниот протест кој е најавен од 10 до 12 часот кај Лук Оил Заполшки мост.
Тони Ангелески член на ИО повикува тутунарите да ги почитуваат мерките за заштита препорачани од здравствените власти за време на протестот, како и тоа да се придржуваат на договореното протестот да помине достоинствено и мирно.
-Протестот да биде на завидно ниво, мирен, достоинствен, како што ни доликува на вистински земјоделци. Обединети сите заедно , тешка е маката тутунарска. Повикувам на масовност, пишува Ангелески во ФБ групата Македонски тутунари.
Министерот Хоџа вчера  по средбата со ИО рече дека големите откупувачи  не го почитувале договореното од петокот и затоа се зголемил револтот кај производителите. Но, откупот мора да тече, а незадоволните тутунари имаат право на протест. Верува дека со вчерашните ветување на откупувачите за флексибилен откуп, ќе се подобрат работите.
А.Б
Тагови

Слични написи

Back to top button
Close