fbpx
Агро бизнисВестиМакедонијаТоп вести

Изгор такси во Гевгелија

Такси превозот во Гевгелија поскапе за 60 отсто, советниците го усвоија новиот ценовник

Гевгелиските советници на денешната седница го усвоија барањето на таксистите и донесоа одлука за поскапување на такси-превозот за 60 отсто. Согласно одлуката, цената за старт од сегашните 50 е зголемена на 80 денари и за секој нареден километар наместо досегашните 23 денари ќе се наплаќаат по 33 денари, а чекањето од четири е зголемено на шест денари од минута.

Покрај ова беше прифатено и барањето на такистите за воведување ноќна тарифа, која ќе се применува од 22 часот вечерта до 6 часот наутро со стартна цена од 90 денари плус 35 денари за поминат километар како и празнична тарифа со цена од 100 денари за старт и 40 денари за изминат километар.

Гевгелиските таксисти ќе добијат и дополнителен паркинг-простор на неколку локации во градот кои беа посочени од нивна страна.Барањето за поскапување на такси-услугите го образложија со зголемените цени на горивата и поминатиот, за нив, долг период од четири години од донесувањето на старата одлука.https://drnka.mk/

Тагови

Слични написи

Прочитајте исто така

Close
Back to top button
Close