Изложба на автохтони семиња „Стари сорти за врвни органски производи“

Изложба на автохтони семиња „Стари сорти за врвни органски производи“ и промоција на органски производи ќе се одржи денеска во просториите на Факултетот за земјоделски науки и храна -Скопје.

На настанот ќе се обратат деканот на ФЗНХ-Скопје Вјекослав Танасковиќ и министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство, Љупчо Николовски.

Обраќања ќе имаат и заменик-амбасадорот на Швајцарија Стефан Томажан, градоначалникот на општина Гази Баба, Борче Герогиевски и директорот на Управата за семе и саден материјал, Хилми Гаши.


 

kurir.mk

 

 

Share Button