fbpx
Вести

Измените на Законот за земјоделство и рурален развој влегуваат во владина процедура

zito

Утре во владина процедура влегуваат измените на Законот за земјоделство и рурален развој со кои треба да се воведе т.н. „зелена нафта“.

Според измените, државата ќе покрива до 50 отсто од трошоците за гориво во земјоделството, а секој регистриран земјоделец (земјоделско стопанство) ќе добие платежна картичка за купување „зелена нафта“.

„Зелената нафта“ од Министерството за земјоделство изминатите месеци се најавуваше како решение кое ќе го ублажи ударот од зголемувањето на акцизата за дизел-горивото воведено во ноември 2017.

„Целта на измените е намалување на производните трошоци и поконкурентно производство“, образложуваат од Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство.

Со Законот за земјоделство и рурален развој се уредуваат планирањето на развојот на земјоделството и руралниот развој, целите на националната земјоделска политика, планирањето, следењето и процената на националната земјоделска политика, партнерството со социјални и економски партнери од областа на земјоделството, мерките за уредување и поддршка на земјоделски пазари, директни плаќања и рурален развој, државната помош во земјоделството и руралниот развој, формите на организирање и здружување во земјоделството и контролата на спроведување на мерките и надзорот над спроведувањето.


 

академик.мк

Тагови

Слични написи

Прочитајте исто така

Close
Back to top button
Close