fbpx
ВестиМакедонија

Изнајмувала кози на состаноци на Зум

„Неверојатно“ многу луѓе и понудиле на фармерка да ѝ платат за козата Лола и другите од стадото да се појават на нивните состаноци

Фармерка која на шега предложила да изнајми коза на состанок преку Зум во време на карантин заработила околу 56.000 евра.

Дот Макарти од Велика Британија вели дека „неверојатно“ многу луѓе понудиле да ѝ платат за нејзината коза Лола и другите од стадото да се појават на нивните состаноци.

Таа вели дека тоа и овозможило фармата да остане отворена и да ги задржи вработените, а исто така ги покрила трошоците за работа на фармата.

А и позабавно е од продавање ѓубриво за да се преживее, вели таа.

BBC

Нејзината фарма обично издавала простор за свадби и училишни посети за да оствари дополнителен приход, но епидемијата на коронавирусот ја спречила да работи.

Таа ја презела семејната работа од мајка си пред околу пет години и дошла на идеја да изнајмува овци од стадото за состаноци преку апликацијата Зум.

Козата неочекувано би се појавила на состанок, како изненадување.

Луѓето можат да платат пет фунти за да изнајмат коза, која би им се придружила на закажаниот состанок со мала помош на работниците на фармата.

Макарти вели дека ја шокирало тоа што шегата станала деловен успех.

Таа вели дека ја прикачила понудата на сајтот на фармата за да ги насмее луѓето во април 2020, кога првпат е воведен карантин во Велика Британија.

Кога се разбудила, ја дочекале 200 мејлови.https://plusinfo.mk/korona-i-biznis-izna-muvala-kozi-na-sostanoci-na-zum-foto/

Тагови

Слични написи

Back to top button
Close