Во соработка со MASHAV – Агенција за меѓународна соработка и развој, која е под Министерството за надворешни работи на Израел, Локалната акциона група Агролидер од Прилеп започна да го спроведува проектот за развој на деловниот бизнис еко систем на УСАИД. Експерти од Израел ги споделуваат своите искуства со фармери од пелагонискиот регион. Покрај посета на фарми експертите одржуваат и предавања како македонските фармери може да го изменаџираат своето производство за да им донесе поголем профит. Вакво предавање денеска одржаа за фармери од с. Могила.
„Проектот за развој на деловниот бизнис еко систем на УСАИД заедно со ЛАГ Агролидер Прилеп, уште повеќе ги насочуваат своите активности во подобрување на состојбата во сточарството и самата пазарна позиционираност на на фармерите, особено во пелагонискиот регион. Така и се роди соработката со MASHAV, тоа е интернационална агенција за соработка од Израел , се со цел експерти од Израел да споделат свои искуства . Имајќи предвид дека Израел е водечка во светот во млечност по грло, 12 000 литри , имаат добри практики, да споделиме добри искуства и да најдеме соодветни модели што нашите фармери ќе може да ги имплементираат тука, со цел да ја зголемат млечноста и да имаат поголем профит од нивната работа“, изјави Марина Ташкоска од Агролидер Прилеп, координатор на проектот.
Политичките превирања во државата се директно поврзани со моменталната состојба на сточарството во земјава. Воведување на соодветен модел кој од една страна ќе одговара на потребите на државата, а од друга страна да одговара и на стандардите на ЕУ е од голема важност за сточарите.
„Единствена причина за моето доаѓање во Македонија е да им помогнам на фармерите , да се воспостави соработка меѓу фармерите за да се подигне нивото на менаџирање“, вели проф. Езра Шашани експерт по сточарство од Израел. Од мојот престој и она што можев да забележам на фармите и состојбата во која се наоѓа сточарството, мислам дека најголем предизвик се политичките случувања во земјата. Се надевам дека може да се најде соодветен модел во соработка со јавните институции се со цел фармите да добијат подобра цена, млекото да има подобра цена и фармерите да бидат задоволни и да продолжат да инвестираат, да ја зголемуват млечноста, да ги подобруваат условите за животните и да бидат попрофитабилни“, додава Шашани.
Состојбата на фармите и чувањето на млечните говеда се под нивото на европските регулативи и изрази надеж дека ЕУ ќе даде соодветна финансиска поддршка, соодветен фонда, за фармерите да направат реформи, и дека тоа ќе оди паралелно со промена на политичките одлуки насочени кон минимална цена на суровото млеко со соодветен квалитет кој ќе може да направи соодветен рзвој.
Фармерите стануваат свесни дека треба да се едуцираат и да ги менуваат своите навики, но дозата скептицизам кој надвладува кај нив води траги од минатото. Ова го потврдува Стево Чагорски фармер кој моментално има 10 крави, но воопшто не е задоволен од цената на млекото. И останатите фармери во пелагониско и пошироко не се задоволни од постигнатата цена на млекото на пазарот.
„Задоволен сум од предавањето, секогаш присуствувам на организираните предавања. Треба да се слушне, оти мислиме дека знаеме се’, ама не е така. Задоволен сум од тоа, но луѓето се разочарани оти многу пати се украдени и ја изгубија довербата“, вели за Зелена берза Стево Чагорски од с. Могила.
Покрај се’ сака да го зголемува своето стадо и да го подобрува своето производство.
Павлина Јовановска
Зелена берза