Вести
Јајцата во Хрватска содржат антибиотик, енрофлоксацин
Министерството за земјоделство во Хрватска потврди дека е утврдено дека јајцата кои се дистрибуирани на шест места содржат енрофлоксацин.
Се работи за антибиотик кој кокошките несилки не смеат да го примаат. Иако антибиотикот е изолиран и во јајцата е во ниски количини и како таков не е штетен по здравјето, тоа не го намалува фактот дека на тој начин бактериите во нашиот организам се навикнуваат на антибиотикот и стануваат резистентни.