fbpx
Агро бизнисВестиМакедонијаТоп вести

Сојузот на одгледувачи на овци задоволен од Мерката-213, сточарите ги очекуваат субвенциите

Никола Георѓиев претседател на Сојузот на одгледувачи на овци-Мерката важи за целиот период, ретроактивно од престанокот на важност на претходната мерка 213, па се до овој момент

Сојузот на одгледувачи на овци ја поздравуваат одлуката на Агенцијата за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој, која вчера го објави и 5-от јавен повик наменети за поддршка и помош за зачувување на руралните предели и нивните традиционални карактеристики преку Мерката 213 односно надомест на трошоци за одржување на висински пасишта и ливади и поддршка на традиционалното овчарство.

Вчерашниот ден беше долгоочекуваниот ден за сточарите, бидејќи конечно се објави Мерката 213 која е исклучиво за сточарите, особено за одгледувачите на овци, кои користат работна сила и имаат потреба од работници-овчари. Нивните плати беа изоставени од крајот на 2018 година и сега според јавно објавените податоци, мерката важи за целиот период, ретроактивно од престанокот на важност на претходната мерка 213, па се до овој момент. Исто така објавената мерка за набавка на приплодни грла-овци, има огромно значење бидејќи факт е дека помалку од 1 процент од овчарството во државата е интензивно одгледување на овци, а интензивното одгледување значи производство на млеко со оглед на податокот што се одгледуваат висококвалитетни раси на овци со неколкукратно поголема продукција на млеко од автохтоните раси.

Значи можеме да очекуваме стабилизација со понудата на млеко и млечни производи од овци, бидејќи како одминуваше времето така се јавуваше недостиг на овие производи во државата. Имаме одлични примери во државата за минатогодишната мерка за набавка на приплодни  грла, увезени беа неколку стада од Шпанија од расата Асаф и оваа година очекуваме и увоз на  други раси кои се докажани во светската продукција на млеко со цел современо и продуктивно сточарство, интензивно одгледување на овци кое налага и помал број на работници, изјави Никола Георѓиев претседател на Сојузот на одгледувачи на овци во разговор за Зелена берза.

Георѓиев вели дека сточарите се во исчекување на исплатата на субвенциите.

-Во секој момент очекуваме да се обезбедат средствата, субвенциите што им следуваат за овчарите. Тоа е најголемиот проблем што во моментов ги тишти одгледувачите на овци и се надеваме дека ситуацијата ќе биде решена до крајот на месецот, предочува Георѓиев.

Според него со исплатата на субвенциите за 2020 година би можело 2021 година да се смета како една од најуспешните години за овчарството од изминатиот период, по што Георѓиев очекува покачување на бројната состојбата на овци доколку продолжи овој тренд на подобрени услови во овчарството.

***

Агенцијата за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој, го објави и 5-от јавен повик наменети за поддршка и помош за зачувување на руралните предели и нивните традиционални карактеристики преку Мерката 213 односно надомест на трошоци за одржување на висински пасишта и ливади и поддршка на традиционално овчарство.
Средствата се обезбедни од Програмата за финансиска поддршка на руралниот развој за 2021 година,да се поддржат овчарите преку субвенционирана плата, но и да се подобрат условите на пасиштата:
-во висина од 100% од просечна месечна нето плата во дејноста од период 01.11.2018 до 31.12.2020 година, како трошок за чување и напасување на добитокот (овци, кози и/или говеда) на пасиште (вклучително и ливади) кое се наоѓа во населени места со надморска височина поголема од 700 метри, односно регистрираните одгледувалишта каде се одгледува добитокот да се наоѓаат во населени места со надморска височина поголема од 700 метри и
– во висина од 60% од просечна месечна нето плата во дејноста од период 01.11.2018 до 31.12.2020 година, како трошок за чување и напасување на добитокот (овци, кози и/или говеда) на пасиште (вклучително и ливади) кое се наоѓа во населени места со надморска височина под 700 метри односно регистрираните одгледувалишта каде се одгледува добитокот да се наоѓаат во населени места со надморска височина поголема од 700 метри.
А.Блажевска
Крајниот рок за доставување на барањата е 05.07.2021 година.
Повеќе информации прочитајте на следниот линк:
Тагови

Слични написи

Back to top button
Close