fbpx
Агро бизнисБез категоријаВестиМакедонијаТоп вести

Лозарите револтирани: Зар да дадеме 10 килограми грозје за еден литар гориво?

„Тиквеш“ понуди откупни цени за грозјето

Цените од 16 денари за килограм вранец и 12 денари за килограм смедеревка, кои најголемата винарска визба „Тиквеш” ги најави вчера, за првиот човек на визбата, Свето Јаневски се добри, но лозарите не се согласуваат со него, пишува Фокус.

-Ланска година, вранецот беше 13 денари, така ли беше? Тоа државата го одредуваше. Е сега, „Тиквеш“ ќе ви даде 16 денари за вранецот, а смедервката, ви ја плаќаа таму, колку ви ја плаќаа, десет денари? Ние ќе ви ја плаќаме 12 денари – изјави тој на вчерашната средба помеѓу визбата и кооперантите. Дано Јошев, од здружението „Тиквешки лозаро-овоштари“ смета дека тие цени се недоволни да се покријат трошоците на лозарите, но и дека и во тие понудени цени не е утврдена цената на шеќерната единица.

Потсетува на случајот од лани, кога токму поради тоа настанаа немилите настани пред винаријата, кога стотици лозари протестираа, а неколкумина дури и го истурија грозјето пред капијата на „Тиквеш“. Инаку, од здружението не биле поканети на средбата со Јаневски. И од здружението „Напредни лозари“ реагираа поради цените кои ги соопштија од „Тиквеш“. Првиот човек на ова големо здружение на лозарите, Трајче Кулев, порача дека мора да се престане со манипулациите врз лозарите, бидејќи без грозје нема вински бизнис.

-За еден литар гориво треба да се дадат десет килограми грозје. Каде е тука логиката? Ако „Тиквеш“ не може да ни го плати трудот, тогаш државата нека го откупи родот, па визбите од таму нека си купуваат грозје. Доста е со уцени – порача Кулев.

Голем број на лозари исто така реагираат, затоа што годинава, во ек на економска криза, зголемени се и нивните трошоци околу одгледувањето на винската лоза. Од нафта, до препарати за заштита, како и работна рака, лозарите појаснуваат дека со понудените цени не ќе можат да ги покријат ниту основните трошоци.https://fokus.mk/tikvesh-ponudi-otkupni-tseni-za-grozjeto-lozarite-revoltirani-zar-da-dademe-10-kilogrami-grozje-za-eden-litar-gorivo/

Тагови

Слични написи

Back to top button
Close