fbpx
ВестиСовети

Извозните цени на руската пченица го продолжиле минатонеделниот пад

Извозните цени на руската пченица, продолжуваат да паѓаат под влијание на светските, но и руските пазарни трендови. Кога станува збор за другите вести за пазарот на житарици и маслодајни растенија, треба да се нагласи дека украинскиот извоз на јачменот, е далеку зад минатогодишниот, додека извозот на житарици од Казахстан расте, а цената на сончогледот во Бугарија, традиционално паѓа, пред стартот на новата сезона.

Извозните цени на руската пченица, продолжуваат да паѓаат под влијание на светските, но и руските пазарни трендови. Русија ја зголемила испораката на пченицата на странските пазари. Но, дел од купувачите, одлучиле да чекаат и да ги следат состојбите на пазарот, очекувајќи понатамошно намалување на цените.

Според информациите од UkrAgroConsult, извозната цена на руската високопротеинска пченица (12,5%+), неделното тргување го затворила со пад од 4-5 долари по метрички тон, така што со таа пченица било тргувано по цена од 216-222 $/t, што се однесува до Новоросиск. Што се однесува на пченицата која чека испорака од помалите пристаништа, таа исто така доживеала пад на цената, во просек за 2-3 долари, а со неа се тргувало по цена од 193-197 долари за тон.

Украина: Извозот на јачменот далеку зад минатогодишниот

Иако извозот на украинскиот јачмен на почетокот на сезоната 2018/2019, се зголеми, испораката на таа житарица од Украина на странските пазари, оваа сезона, значително заостанува, во споредба со минатогодишната. Аналитичарите од UkrAgroConsult, известуваат дека Украина во јули и август оваа година во странство испратила 1,36 милиони тони јачмен, што е за 62,7% помалку, во споредба со истиот период минатата сезона, кога се извезени два милиони тони јачмен. Како и порано, најголеми увозници на украинскиот јачмен во новата сезона се Саудиска Арабија и Кина, а тие две земји, апсорбирале 79% од вкупниот извоз на јачмен од Украина. Истовремено, во првите два месеци на тековната сезона, Саудиска Арабија веќе увезила половина од количината на јачмен, која таа земја ја увезила за време на целиот период од минатата сезона.

Украина во август имала извоз од над 22 000 тони шеќер

Во текот на последниот месец од сезоната 2017/18, украинските производители на шеќер, имале извоз од 22,4 илјади тони шеќер. Главната испорака отишла во Узбекистан (79%), додека во Азербејџан и Молдавија, испорачани се 10% и 6% од вкупно извезената количина. Како што објаснува шефицата на аналитичкото одделение, Рускана Бутило, август по правило не е активен месец, во однос на извозот, така што дошло до пад од 39% на залихите на шеќер, во споредба со јули. Во септември – август 2017 година, од Украина се извезени 560.400 тони шеќер, со потсетување дека овогодишната сезона на шеќер почнала на 31 август, односно од 14 септември, поради 13 шеќерани кои произведиле 41,1 илјади тони шеќер.

Извозот на житарици од Казахстан се зголемил за 40%

Според податоците од Министерството за земјоделство на Казахстан, извозот на житарици од таа земја, од мај до август во сезоната 2017/18 изнесувал 7,2 милиони тони, што е за 40% повеќе во однос на периодот септември – јули во сезоната 2016/17, кога земјата имала извоз од 5,2 мегатони житарици. Од друга страна, како што известува UkrAgroConsult, растот на испораката на брашно на странскиот пазар, не бил толку значаен, од причина што, во тој период, Казахстан, имал извоз од приближно 2 милиони тони брашно или вкупно 6% повеќе во однос на септември – јули 2016/17 кога се извезени 1,9 мегатони брашно.

Бугарија: Цените на сончогледот паѓаат пред почетокот на новата сезона

Цените на сончогледот на бугарскиот пазар, традиционално се намалени пред почетокот на новата сезона, достигнувајќи 335 долари по метрички тон. До крајот на август, земјата собрала сончоглед од површина од 191,7 илјади хектари, што е 26% од проектираните 732,7 илјади хектари под тоа маслодајно растение. Од друга страна, на пазарот на маслодајната репка, зголемената побарувачка, пред се од европските соседи, доведува до заживување на внатрешната трговија и поттикнува конкуренција помеѓу трговците. Инаку, според податоците од Бугарското Министерство за земјоделство, жетвата на маслодајната репка е целосно завршена, а до 30 август, производителите од површина од 183,5 илјади хектари, собрале 456,2 илјади тони репка, притоа остварувајќи принос од 2,49 t/ha.

 

Валентина Соколовска

за Зелена берза

Тагови

Слични написи

Back to top button
Close