fbpx
ВестиТоп вести

Јавен повик бр.02/2016 за доставување на барања за исплата на средства од Програмата за финансиска поддршка на руралниот развој за 2016 година

Агенција за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој

Врз основа на член 7, алинеја 9 од Законот за основање на Агенција за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој (“Службен весник” на Ре публика Македонија број 72/07 и 5/09), Агенцијата за финансиска поддршка во земјоделството и руалниот развој го објавува следниот

ЈАВЕН ПОВИК бр.02/2016

за доставување на барања за исплата на средства од Програмата за финансиска поддршка на руралниот развој за 2016 година

javen povik br 02 2016 za dostavuvanje na baranja za isplata na sredstva od programata za finansiska poddrshka na ruralniot razvoj za 2016 godina

 

I. ПРЕДМЕТ НА ОГЛАСОТ

Предмет на овој оглас е доделување на финансиска поддршка за следнава мерка:

Код на мерка/Назив на мерката/Максимална вредност на прифатливи трошоци

121/Инвестиции за модернизација на земјоделските стопанства

1/Подигнување на нови лозови и овошни насади и медоносна флора (фацелија, еводија и багрем) на нови површини/до 2.500.000 денари прифатливи трошоци по поединечен корисник

2/Набавка на добиток од признати организации на одгледувачи на добиток од Република Македонија и од увоз

-набавка на високостелни педигрирани јуници (со исклучок на јуници од расата Буша)

набавка на педигрирани машки и женски приплодни грла овци

набавка на педигрирани машки и женски приплодни грла кози

набавка на педигрирани свињи (нерези и назимки)-оригинали и хибриди/до 6.500.000 денари при фатливи трошоци по поединечен корисник

II. КОРИСНИЦИ

Право на користење на средства имаат следните субјекти, и тоа:

Субјекти

Земјоделски стопанства запишани во Единствениот регистар на земјоделски стопанства (ЕРЗС) во Минис терството за земјоделство, шумарство и водостопанство, согласно Закон за земјод елство и рурален развој

III. ВИСИНА НА ФИНАНСИСКАТА ПОДДРШКА

Средствата се наменети за подигнати лозови и овошни насади и медоносна флора (фацелија, еводија и багрем) на нови површини, набавка на добиток во периодот од 01 октомври до 31 декември 2015 година.

За Мерка 121, финансиската поддршка се исплаќа по принцип на ко-финансирање на завршени и исплатени инвестиции од страна на корисникот во висина од 50% од вредноста на одобрените прифатливи трошоци за инвестиции.

Ставката за ко-финансирање се зголемува во случаите кога:

-се работи за инвестиции на земјоделско стопанство чиј носител е млад земјоделец до 55%

-за инвестиции во подрачја со ограничени можности на земјоделско производство до 60%

-за инвестиции во подрачја со ограничени можности на земјоделско производство кога носителот на инвестицијата е млад земјоделец 65%

-за инвестиции во недостапни рурални заедници 75%

IV. УСЛОВИ ЗА КОРИСТЕЊЕ НА СРЕДСТВА И ДОКУМЕНТАЦИЈА КОЈА СЕ ПОДНЕСУВА

Барањата се поднесуваат електронски по извршена регистрација на e-baranje.ipardpa.gov.mk

Еден барател може да поднесе само едно барање за една мерка или најмногу две барања за користење на поддршка по различни мерки, земајќи ги предвид и останатите мерки од Програмата за финансиска поддршка на руралниот развој за 2016 година.

Условите кои треба да ги исполнуваат барателите на средства се утврдени со:

Програмата за финансиска поддршка на руралниот развој за 2016 година (“Службен весник на Република Македонија” бр. 6/2016),

Законот за земјоделство и рурален развој (“Службен весник на Република Македонија” бр. 49/2010, 53/2011, 126/2012, 15/2013, 69/2013 , 106/2013, 177/2014, 25/2015, 73/2015,

83/2015 и 154/2015),

Правилникот за поблиските дополнителни услови за поддршка од мерките за рурален развој, прифатливи трошоци и висината на поддршката за прифатливитетрошоци по корисник за поединечна мерка (“Службен весник на Република Македонија” бр. 124/2011, 80/2013 72/2014 и 88/2015), Правилникот за поблиски критериуми за избор на корисници по мерките за рурелен развој (“Службен весник на Република Македонија” бр. 124/2011 и 80/2013).

Барателите на финансиска поддршка потребно е да креираат електронско барање за исплата со бараните податоци и да прикачат задолжителни електронски документи (фактури или сметкопотврда кои ги докажуваат реализираните трошоци, детални испратници за испорачаните садници/добиток, уредно заверени, Решение за запишување на земјоделско стопанство во ЕРЗС при МЗШВ не постаро одтри месеци од денот на објавување на јавниот повик, фискална сметка или налог за плаќање ППЗО со извод за плаќање или налог за плаќање ПП10 со извод за плаќање на име на добавувачот и други).

Барателите кои ги исполниле условите за користење на средства се рангираат со бодување утврдено во Правилникот за поблиски критериуми за избор на корисници по мерките за рурален развој. Барањата со ист број на бодови ќе се рангираат според датумот и времето на поднесување на електронското барање на e-baranje.ipardpa.gov.mk

Барањата кои не поднесени електронски на e-baranje.ipardpa.gov.mk нема да се разгледуваат.

Корисниците на средства треба да ги имаат намирено сите финансиски обврски кон Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство како и финансиските обврски кон Јавното претпријатие за стопанисување со пасишта и воден надоместок кон водостопанските претпријатија.

V. ПОДИГНУВАЊЕ НА ОБРАСЦИ И УПАТСТВА

Упатството за регистрација на барателите во системотза електронско поднесување на Барање за исплата може да се превземе на почетната страна на e-baranje.ipardpa.gov.mk. Упатството за корисници за поединечна мерка може да се превземе по започнување на креирање на барање за мерката.

VI. НАЧИН НА ДОСТАВУВАЊЕ НА ДОКУМЕНТИТЕ

Електронски пополнетите барања за исплата од Програмата за финансиска поддршка на руралниот развој за 2016 година на македонски јазик заедно со целокупната потребна документација оригинал се доставуваат возатворен плик со назнака на предната страна на пликот во горниотлев агол “HE ОТВАРАЈ” Барање за исплата и Архивски број на Барањето (0216-12125-XXXX/1). Барањето може да се достави по пошта или лично во писарницата на Агенцијата, во спротивно Агенцијата не презема одговорност за затурање или предвремено отворање на барањето.

НАПОМЕНА: Крајниот рок за доставување на барањата за исплата е 29.02.2016 година. Барањата доставени по предвидениот рок нема да бидат разгледувани. Барањата кои не поднесени електронски на e-baranje.ipardpa.gov.mk нема да се разгледуваат. Подетални информации на контакттел. (02) 3097-460 или на контакт е-маил адреса:

e-baranje@ipardpa.gov.mk и на веб-страната: www.ipardpa.gov.mk.

Контакт:

Агенција за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој,

Сектор за одобрување на исплата.

Телефон: 02 3097 460, секој работен ден од 10.00 до 14.00 часот Е-пошта: ipardpa.info@ipardpa.gov.mk

Тагови

Слични написи

Back to top button
Close