ВестиТоп вести

ЈАВЕН ПОВИК бр.02/2018 за доставување на барања за користење на средства од ИПАРД Програмата 2014-2020

Влада на Република Македонија
Агенција за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој
Врз основа на член 9 став 1 точка б од Законот за ратификација на Секторската
спогодба меѓу Владата на Република Македонија и Европската комисија за
воспоставување на одредби за управување и спроведување на финасиската помош
на Унијата за Република Македонија според Инструментот за претпристапна
помош во областа на политиките за „Земјоделство и рурален развој” (ИПАРД)
(„Службен весник на Република Македонија“ бр. 38/2016), врз основа на Дел II мерка
Инвестиции во материјални средства на земјоделски стопанства точка 11 од
Програмата за користење на средствата од Инструментот за претпристапна помош
за рурален развој на Европската Унија (ИПАРД) за период 2014-2020 („Службен
весник на Република Македонија“ бр. 177/2016), и врз основа на член 6 од Уредбата
за начинот и постапката за користење на финансиска поддршка за мерките за
рурален развој финансирани од програмата ИПАРД 2014-2020 („Службен весник на
Република Македонија“ бр. 64/2016)

Агенцијата за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој

на 26 декември 2018 година објавувa
ЈАВЕН ПОВИК бр.02/2018
за доставување на барања за користење на средства од
ИПАРД Програмата 2014-2020
ДЕЛ I
1. Агенцијата за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој (во
понатамошен текст: Агенцијата) како надлежна институција и договорен орган за
спроведување на Инструментот за претпристапна помош за рурален развој на ЕУ
(ИПАРД) ги повикува сите заинтересирани физички и правни лица од Република
Македонија да достават барања за користење на средства од ИПАРД Програмата
2014-2020 за следнава мерка:
1. Инвестиции во материјални средства на земјоделските стопанства
2. Финансиската поддршка за овој Јавен повик е составена од 75% средства
обезбедени од Инструментот за претпристапна помош за рурален развој на
Европската Унија (ИПАРД) согласно Финансиската Спогодба 2014-2020 и 25%
средства обезбедени од Буџетот на Република Македонија.
3. Финансиски средства по поединечно барање се доделуваат како неповратна
финансиска поддршка (грант) во износ од:
3.1. 60% од вредноста на вкупно прифатливите трошоци на инвестициите за
мерка Инвестиции во материјални средства на земјоделски стопанства.
Процентот се зголемува до 65% за инвестиции во земјоделски стопанства
предложени од страна на млади земјоделци (физички лица на возраст од 18
години до 40 години на денот на поднесување на барањето за финансиска
поддршка) и 70% за инвестиции во земјоделски стопанства во планинските
области.
4. Крајниот рок за поднесување на барањата е 09 февруари 2019 година
5. Вкупната финансиска поддршка во рамките на овој јавен повик изнесува
11.883.772,00 евра или 730.792.598,00 ден.
Подигнување на обрасци и упатства:
Потребните обрасци од „Барањето за користење на средства од ИПАРД Програмата
2014-2020“ како и „Упатство за корисници на средства од ИПАРД Програмата 2014-
2020“ за секоја мерка одделно во кој се содржани сите информации за
критериумите, условите за прифатливост на проектите и условите за финансирање
и останати информации кои се неопходни за изготвување на барање за користење
на средства од ИПАРД Програмата 2014-2020, Упатство за изготвување на Деловен
План / Технички Предлог Проект, Упатства за издавање на неопходната
документација од надлежните институции и останати корисни информации во
електронска верзија може да се превземат на веб-адресата на Агенцијата:
www.ipardpa.gov.mk.
6. Начин на поднесување на барањето:
Барателот треба да пополни и поднесе Барање за користење на средствата од
ИПАРД Програмата 2014-2020 за поединечна мерка, Деловен План изработен
согласно Упатството за изработка на Деловен План или Технички предлог проект и
придружна документација како што е наведена во овој Јавен Повик.
Пополнетото барање за користење на средства од ИПАРД Програмата 2014-2020
заедно со Деловниот план/Техничкиот предлог проект и целокупната потребна
документација се доставуваат во затворен плик со назнака на предната страна на
пликот во горниот лев агол „НЕ ОТВАРАЈ“ за Јавен повик ИПАРД број 02/2018 и
назначување на мерката за која се поднесува барањето. Барањето може да се
достави по пошта како препорачана пратка или лично во писарницата на
Агенцијата.
Напомена: Заради извршувањето на контролата на терен од страна на Агенцијатa
потребно е барателот да има кај себе копии од целокупната документација
доставена до Агенцијата.
Подетални информации на контакт тел. (02) 3097-460 или на контакт е-маил
адреса: ipardpa.info@ipardpa.gov.mk и на веб-страната: www.ipardpa.gov.mk.


 

ipard.pa.gov.mk

Тагови

Слични написи

Back to top button
Close