вести

Тече рокот за пријавување за субвенции за предаден зеленчук

До 30-ти ноември е пријавувањето за субвенции за предаден зеленчук во домашните преработувачки капацитети. Финансиска поддршка за предадените домати во периодот кога имаше нарушување на пазарот е зголемена.

download (1)

Градинарите кои го предадоа своето производство во домашните преработувачки капацитети за зеленчук во земјава или во странство, директно или преку регистриран откупувач по откупна цена до 5 денари за килограм, во периодите од 26 јуни до 15 јули и од 1 до 15 август 2015 година, ќе добијат субвенција од 6,5 денари за килограм.

Пријавувањето за оваа поддршка е до 30 ноември.

images

Според првичните податоци, во овој период, кога имаше нарушување на пазарот со домати поради поклопувањето на производството од оранжериите и на отворено, биле откупени сите понудени количества од скоро 1.000 тони.

Тагови

Слични написи

Back to top button
Close