fbpx
Агро бизнисВестиМакедонијаТоп вести

Јавниот долг добива застрашувачки димензии

Со вакво темпо, на долг рок постои ризик од финансиска нестабилност, со што нема да имаме економски раст и развој, вели универзитетскиот професор Никола Поповски.

Зголемувањето на јавниот долг на 64,4 проценти од бруто домашниот производ го отвара патот земјава да падне во должничка криза. Со вакво темпо, на долг рок постои ризик од финансиска нестабилност, со што нема да имаме економски раст и развој, вели универзитетскиот професор Никола Поповски. Доколку не преземеме конкретни чекори, може да се случи да не можеме да си ги сервисираме долговите, вели Поповски.

„Многу од земјите имаат проблеми со отплатата на јавниот долг, особено ако се користи непродуктивно, а тој сега се користи непродуктивно зошто служи да ги финансира оние делови од економијата што во нормални прилики би остварувале некои доход кои сега го губат поради пандемијата. Тоа сега изгледа лесно, прифатливо за политичарите и за сите зошто на еден начин ги ‘бајпасира’ кризните проблеми, но тоа ќе остане и ако не се стави крај, да се почне со штедење, може да завршиме во поголеми проблеми“ вели Поповски.

Владата уште сега мора да почне со креирање на политики за штедење и конкретни планови како економијата да остварува раст.

„Јавниот долг од сега ќе мора многу порационално да се користи, не да ги гасне малите пожари кои се појавуваат во економијата, туку да се размислува да се користи за идниот раст на економијата, но тоа сега не е случај заради кризата“, додава Поповски.

Висината на јавниот долг заклучно до јуни изнесува 7,4 милијарди евра или 64,4 проценти од БДП. Овој процент ги надмина и владините очекувања бидејќи во фискалната стратегија за управување со јавен долг се очекуваше земјава 2021 да ја заврши со јавен долг од 63,9 проценти. Рекорден раст на јавниот долг од 66 проценти се очекува во 2022 година Стратегијата на Владата е преку намалување на јавната администрација и поголем економски раст долгот да се стабилизира дури во 2026 година.https://alsat.mk/mk/javniot-dolg-dobiva-zastrashuvachki-dimenzii/

Тагови

Слични написи

Back to top button
Close