Прв Агро саем во Струмица

(Oвој напис е објавен на: August 31, 2019)

Педесет излагачи од земјата и странство се дел од првиот агро саем Стримица 2019. Два дена на плоштадот „Гоце Делчев“ посетителите  имаат можност да ги видат последните технолошки достигнувања во органското земјоделско производство, оргнаски произведени култури, земјоделска механизација, органски производи за заштита и прихрана во земјодлеското производство. На свеченото отворање топло добредојде во градот чушките и френките  на сите учесници и присутни посетители им посака Борче Јанев од Здружението „Проагро фармери“ кој е организатор на саемот.

„Манифестацијата е одлична можност производителите  на свој автентичен начин  да го претстават  производството на градинарски производи, вино. Мед и традиционална храна, а увозниците на механизација ќе може да ги промовираат последните технолошки достигнувања кои може да го помогнат и осовременат процесот на производство на земјоделски култури“, истакна министерот за земјоделство Трајан Димковски во своето обраќање пред присутните.

„МЗШВ ја препозна потребата од вакви локални манифестацвии, саеми и промоција на домашното производство и затоа континуирано преку финансиска подршка ги поддржува  ваквите манифстации. Токму за оваа намена  преку Програмата за рурален развој со финансиска поддршка од 2000 евра  се поддржуваат земјоделски здруженија кои што имаат идеја за организирање на ваакви настани преку кои ќе се промовира домашното производство“, додаде Димковски.

Свое обраќање имаше и Сања Бојаниќ, заменик на постојаната претставничка на УНДП, која посветено работи на унапредување и развој на земјоделството.

„Отворањето на саем во еден од главните центри на земјоделството во Северна Македонија е навистина голема чест, но не е само отворањена саем, туку е битна традицијата и напорот што се вложува во производството на земјоделските производи.“истакна Бојаниќ.

Саемот е поддржан од општина Струмица каде еден од приоритетите  во развојот на локалната самоуправа е поддршка на земјоделството.

Организаторот на саемот, Здружението „Проагро фармери“ од Струмица им додели благодарници на најуспешните земјоделци кои примениле нови и современи мерки во нивното производство.

Саемот е дел од проектот „Модерно и квалитетно производство кај градинарите во Банско, Муртино и Робово“, кој се спроведува во рамките на програмата за локална демократија во Западен Балкан, финансиран од ЕУ, спроведувана преку УНДП.

П.Јовановска

Share Button