Извозот на македонски земјоделски производи за рускиот пазар бележи пораст

(Oвој напис е објавен на: March 25, 2019)

Извозот на македонски земјоделски производи за рускиот пазар бележи пораст. Надминати се сите пречки со името и застој на камионите за Русија а министерот за земјоделство се заблагодари и за признавањето на новото име на државата од Русија. Соработката меѓу компаниите се продлабочува за што помага и Македонско Руската стопанска комора која прослави 14 години делување.

Само во јануари годинава извезени се над 3 илјади тони јаболка за Русија што е речиси двојно во однос на истиот период лани во вредност од 1,2 милиони евра. Но овие бројки се само капка во морето ако се знае дека во преспанскиот регион за откуп чекаат околу 50 илјади тони јаболка кои за да не скапат најверојатно  ќе завршат во преработувачката индустрија за по еден денар откупна цена. Но земјава лани имаше проблем и со извозот на праски во Русија. Откако се утврди дека во праските кои се извезуваат ја има болеста ,,Монилија Фруктикола’’ беа вратени пратките и земјава доби времена забрана за извоз бидејќи таа болест ја нема на тамошниот пазар па на тој начин се штити Русија од нејзиното ширење. Наскоро треба во земјава да дојде специјален тим од Руски експерти да видат до каде е спроведувањето на мерки за заштита за да ја кренат извозната рампа за праските.

Македонија со Русија на почетокот на деведесеттите години имаше трговска размена во вредност од 1 милјарда долари. И натаму сите очи се вперени кон што поголем извоз на огромниот руски пазар кој за нас е важен за решавање на пласманот на се што ќе произведат земјоделците.

извор:канал5

Share Button