fbpx
ВестиМакедонија

Владите да преземат нов пристап за намалување на стапката на пушење

Глобално истражување спроведено за Филип Морис Интернешнал

Глобално истражување спроведено од Povaddo за Филип Морис Интернешнал (ФМИ) сугерира дека јавноста се согласува дека креаторите на политиките треба да размислат за улогата што може да ја имаат производите без чад во намалувањето на штетите од тутун.

Постои заинтересираност во јавноста за нови пристапи за намалување на општествената штета предизвикана од цигарите, според глобалното истражување спроведено за ФМИ. Независното истражување на истражувачка компанија Povaddo беше спроведено во декември 2020 година на примерок од 22.507 возрасни лица во 20 земји и територии. Притоа, се истражуваа ставови во врска со улогата на алтернативите без чад, како и очекувањата од владите и индустријата. На прашањето за важноста на клучните предизвици во денешниот свет, испитаниците ги поставија на исто рамниште обезбедувањето на квалитетно и достапно здравство за сите и подобрувањето на економијата и изразија континуирана поддршка за владите да истражуваат нови пристапи за намалување на застапеноста на пушењето.

„Производите без чад можат да играат важна улога во намалувањето на стапката на пушење. Со вистинско регулаторно охрабрување, поддршка од граѓанското општество и целосна прифаќање на науката, верувам дека е можно да се одговори на повикот на јавноста и продажбата на цигари да биде минато во многу земји во рок од деценија до деценија и пол“, рече Јацек Олчак, главен оперативен директор на ФМИ

Меѓу наодите, испитаниците истакнале дека:

·  Возрасните пушачи кои инаку би продолжиле со пушење, треба да имаат пристап и точни информации за бездимни алтернативи, за кои е научно докажано дека се подобри од продолжување со пушење (77%).

·  Владите треба да размислат за улогата што можат да ја играат алтернативните производи за да постигнат нивната земја да биде без чад (73%).

·  Ако е можно да се стави крај на продажбата на цигари во нивната земја во рок од 10 до 15 години (пушачите целосно да се откажат од пушењето и никотинот или со префрлување на подобри, научно базирани алтернативи), а нивната влада да посвети време и ресурси за тоа да стане реалност (67%).

·  Охрабрувањето на мажите и жените кои инаку би продолжиле да пушат цигари целосно да се префрлат на алтернативи без чад може да ги надополни другите напори за намалување на општествената штета предизвикана од цигарите (71%).https://faktor.mk/javnosta-gi-poddrzuva-vladite-da-prezemat-nov-pristap-za-namaluvanje-na-stapkata-na-pushenje

Тагови

Слични написи

Back to top button
Close