fbpx
Агро бизнисБез категоријаВести

Тутунарите имаат неприкосновано право да преговараат за цената на тутунот и никој не смее да манипулира во нивно име

Нова вест за тутунарите! Реакција на Националната земјоделска мрежа

Почитувани тутунопроизводители!

На прагот сме на откупот од овогодишната производна реколта на тутун.  Според последните неофицијални податоци и анализите од терен овогодишната реколта ќе тежи околу 12 000 тона ситнолисен тутун што е повеќе од двојно намалено производство според количините што беа договорени со откупните фирми, поточно 26 000 тони тутун. Причините за ваквиот драстичен пад на производството се пред се ниските откупни цени кои се на граница на производните цени, а во одредени региони и под таа граница поради што тутунопроизводителите масовно ја напуштаат оваа стопанска гранка.  За иронијата да биде поголема тутунските откупни фирми како и државата, кои според Законот за тутун заедно со тутунопроизводителите се социоекономски партнери, не нудат никави излезни решенија од ваквата поразителна состојба.

Во оваа прилика како Национална земјоделска мрежа јавно укажуваме дека тутунопроизводителите според Законот за тутун се рамноправни партнери и како производители имаат неприкосновено право да се договарат за цената на нивниот производ и макотрпен вложен труд и никој не смее да манипулира во нивно име, и да ја користи монополската позиција односно да се претставува како легитимен претставник на тутунарите, доколку за тоа не се исполнетите позитивните законски одредби пропишани во посочениот Закон за тутун.

Државата според закон е должна да овозможи рамноправно договарање на економски одржливи откупни цени кои ќе овозможат реална заработка и одржливо производство во континуитет како и критериуми за откуп помеѓу откупувачите и тутунопроизводителите. Должност на државата е да го спречи секој обид за грабеж на тутунарите.

Во ова прилика како Национална земјодекска мрежа ЈАВНО упатуваме предупредување дека доколку се направи обид за манипулација и грабеж на тутунарите, ЈАВНО ќе застанеме во одбрана на тутунопроизводителите и ќе ги искористиме сите легитимни и законски права во нивна одбрана. Тутунот е стратешка и традиоционална култура која за државата и откупните фирми носи значителен девизен прилив додека за тутунарите е социоекономска категорија од која култура тие ја обезбедуват својата економска егзистенција и елементарен опстанок и затоа може и мора да се плати реално врз основ на реални економски одржливи параметри и реални откупни цени, а не по цени скроени по теркот на откупните фирми далеку од реалните цени што треба да им исплатени на оваа категорија граѓани.

Ѓорги Каракашев, претседател на Национална земјоделска мрежа

Тагови

Слични написи

Прочитајте исто така

Close
Back to top button
Close