fbpx
Агро бизнисБез категоријаВести

Јосифовски-Излезот не е во бојкот, туку во динамичен откуп со повисоки цени на тутунот

Никој нема право да си игра со судбината на над 100 илјади тутунари и нивните семејства.

-Ваков прв откупен ден не е запаметен во македонската тутунска историја.Мизерно и тажно изгледаа откупните пунктови ширум Македонија . Очигледно е дека тутунарите конечно се обединети и решени да издржат во битката за пристоен живот. Ова е сеопшт бојкот и би требало конечно да ги освести откупувачите и министерот за земјоделство, вели Васко Јосифовски од здружението на тутунари Тутунска надеж.

Но, до кога бојкот?До последниот ден? Излезот не е во бојкот, коментира Јосифовски.

-Излезот е во брз почеток на нормален откуп по прифатливи цени за тутунарите. Никој нема право да си игра со судбината на над 100 илјади тутунари и нивните семејства. Го повикуваме министерот Љупчо Николовски без одлагање да изнајде начин да се постигне цена која ќе биде оправдана и прифатлива за тутунарите и да се тргне со динамичен откуп, заклучува Јосифовски.

Јосифовски вели дека доколку дојде до влошување на егзистенцијата на тутунарите и нивните семејства, поради непродаден тутун  – НАЈАВУВАМЕ СЕРИОЗНИ СОЦИЈАЛНИ НЕМИРИ И ГРАЃАНСКА НЕПОСЛУШНОСТ, предупредува Јосифовски од Тутунска надеж.

Тагови

Слични написи

Back to top button
Close