ЈП „Стрежево“ најави санација на пристапните патишта до акумулацијата Стрежево
Почнувајќи од утре, 11 јуни, четврток, ќе се врши санација на пристапните патишта до акумулацијата “Стрежево“.
Ќе се санира главниот пристапен пат (од информативната табла на спојот со локалниот пат Лера – Доленци до почетокот на рекреативната зона Акумулација “Стрежево“) и помошниот пристапен пат (од вливот на река Шемница во акумулацијата “Стрежево“, патот пред мостот во селото Лера кој продолжува низводно од мостот кон акумулациониот простор во насока на внатрешната линија на крајбрежниот појас).
Санацијата ќе се врши со сопствена механизација, а во соработка со локалното население и рекреативните риболовци (членови на ЗРСРК РИБАР 2011 и членови на ЗРРЕСК Црна Река – 1929 од Битола).
ЈП “Стрежево“ – Битола, апелира на трпеливост и внимателно возење од страна на граѓаните.