Апсења и строги контроли низ цела Европа поради отровни јајца

(Oвој напис е објавен на: August 11, 2017)

Дваесет тони јајца загадени со инсектицидот „фипронил“ од Белгија се продадени во Данска, соопшти националната служба за безбедност на храна.

– Данската фирма „Данаег продактс“ добила вкупно 20 тони јајца од белгиски извозник. Јајцата биле продадени претежно на кафеани, кафетерии и кетеринг фирми и најверојатно не биле продавани во големи количини на трговци на мало, соопшти службата.

Од почетокот на месецов јајца со хемикалијата финпронил се најдени во Белгија, Холандија, Германија, Велика Британија, Луксембург, Франција, Швајцарија, Шведска , каде од продавниците се повлечени милиони јајца.

Двајца управители во компанијата Chickfriend за која се претпоставува дека ја користела супстанцијата во живинарски фарми се и уапсени во Холандија, а речиси 180 холандски фарми се привремено затворени.

Портпаролката на Европската комисија Ана Итконен увери дека отровните јајца “се блокирани, а ситуацијата е под контрола”.

Фипронилит се содржи во производите за борба против болви, вошки и крлежи кај животните. Од неколку години во ЕУ имаат забрана тој да се употребува на растенија и животни, кои се консумираат од луѓе.

Од Агенцијата за храна  (FSA) изјавија дека е малку веројатно дека постои ризик за здравјето на луѓето. Сепак,  производиге кои  содржат јајца, вклучувајќи сендвичи и салати, беа повлечени од супермаркетите.


https://faktor.mk/apsenja-i-strogi-kontroli-niz-cela-evropa-poradi-otrovni-jajca

фактор.мк