
Агро бизнисВестиМакедонијаТоп вести
Променливо облачно со сончеви периоди
До сабота ќе има локална појава на нестабилност со пороен дожд
Променливо облачно со сончеви периоди. Попладне ќе има локални врнежи од дожд и услови за појава на ретки грмежи. Ќе дува слаб до умерен ветер од северозападен правец.
Во Скопје, променливо облачно со сончеви периоди. Во вечерните часови ќе има услови за повремен дожд. Ќе дува слаб до умерен ветер од северен правец.
ВРЕМЕТО ВО СЛЕДНИТЕ ДЕНОВИ: До сабота ќе има локална појава на нестабилност со пороен дожд, грмежи и засилен ветер. Во недела поради продор на студена воздушна маса од север ќе има врнежи од дожд, на планините од снег. Температурите значително ќе опаднат и врнежи од снег се очекуваат и на повисоките места.