fbpx
Вести

Кај соседите ова овошје сега е најисплатлив бизнис

ovosje

На подрачјето на Србија бербата на овогодишниот род на вишни е во полн ек, а моменталната откупна цена изнесува 70 динари за килограм.

Произведувачите не се задоволни со моменталната цена и очекуваат во текот на бербата да порасне барем на 80 динари, што донекаде би било задоволувачко.

Според оценките на земјоделските експерти, пролетниот мраз и честите врнежи не им наштетија многу на вишнарите, па е добар и родот и квалитетот на овошката. Проблемот со откупните цени во општините како Житораѓе имаат и малинарите и произведувачите на капини, кои уште не знаат колку ќе добијат за килограм од тоа овошје.

Во поглед на родот и откупните цени најдобро поминуваат произведувачите од Житораѓе  за кои оваа сезона била исклучително добра.

Како што е соопштено од Здружението за овоштари и јагодари цената на јагоди се движела од 200 до 250 динари за килограм, а целокупниот овогодишен род е извезен во Русија.

Произведувачите на јагоди на подрачјето на општина Житораѓе наведуваат дека после добриот род и откупни цени, следната година сигурно ќе ги прошират парцелите со јагоди.


 

фактор.мк

Тагови

Слични написи

Back to top button
Close