fbpx
Агро бизнисБез категоријаВестиСовети

Како боровинките да останат подолго свежи?

Едноставен начин, а се веќе имате во кујната

Во остатокот од текстот дознајте како да ја продолжите свежината на боровинките.

Боровинките се плодови кои имаат високи антиоксидантни својства и се полни со витамини, па затоа треба да ги внесувате во вашата исхрана што е можно почесто. Кога купувате боровинки, проверете ги и изберете зрело овошје без знаци на оштетување или мувла.

Боровинките се доста чувствителни, па затоа треба да се консумираат веднаш по купувањето. Сепак, еден корисник на социјалната мрежа „TikTok“ сподели едноставен трик за продолжување на нивната свежина.

Имено, како што тврди таа, боровинките откако ќе ги донесете дома, треба да ги натопите во раствор од вода и оцет. Едноставно земете сад, истурете три чаши вода, додадете половина чаша оцет, натопете ги боровинките во оваа смеса и оставете ги така 5 минути.

После тоа, исплакнете ги под млаз вода, оставете ги да се исушат и чувајте ги во сад со капак, на чие дно сте ставиле малку хартиена крпа, која ќе ја впие вишокот на влага и ќе спречи предвремено скапување на боровинките.

Таа исто така истакнува дека оцетот нема да го промени вкусот на овошјето и дека нема да се почувствува при јадење, а како изгледа целиот процес погледнете во видеото подолу.

Тагови

Слични написи

Back to top button
Close