Тиквата е исклучително здрава и лековита билка. Има дури шест пати повеќе витамин од јаболката и цвеклото, богата е со витамини А, Ц и витамини од групата Б, како и железо.
Ако имате тикви, важно е да се соберат така да не бидат исечени или набиени. Овие повреди не само што изгледаат грдо, туку овозможуваат влез на разни микроорганизми кои предизвикуваат гниење.
Без оглед дали одгледувате или ги купувате, важно е собраниот плод има стебло долго околу 3-4 см.
Тиквите треба да се чуваат на ладно, суво и добро проветрено место. Температурата треба да биде околу 10-12 степени.
Никогаш не треба да се чуваат во близина на јаболка, круши или друго зрело овошје. Имено, зрелото овошје ослободува гас етилен, со што се скратува векот на траење на тиквата.
Ако се чува правилно, во зависност од видот, тиквите може да се чуваат 3-6 месеци.