“На прво место фармерите” на годинешниот “Тера Мадре Балкан” 2016

(Oвој напис е објавен на: February 25, 2017)

“На прво место фармерите” е главната тема на годинешниот “Тера Мадре Балкан” што ќе се одржува од 2. до 5. јуни во Тирана. На овој меѓународен настан ќе учествуваат 350 делегати од 13 земји, меѓу кои и Македонија.

376068-na-prvo-mesto-farmerite

Настанот ќе понуди серија конференции и дебати фокусирани на мултафункционалното земјоделство, законските права на малите производители, руралниот туризам и маркетингот на занаетчиските производи, земајќи га предвид ЕУ стандардите. Темата, пак, е избрана за да се нагласи важноста на малите производители на храна, поставувајќи ја во центарот на политичката агенда и обезбедувајќи одржлив развој во регионот.

На површина од околу 100 метри квадратни која ќе биде целосно посветена на Балканот, повеќе од 50 заедници на храна и Слоу фуд президиуми ќе ги изложат и ќе ги продаваат своите производи, а плоштадот на Мајка Тереза во центарот на Тирана ќе биде домаќин на Пазарот на фармерите каде, на 50 штандови, посетителите ќе имаат можност да откријат голем број производи од заедниците на храна кои се дел од Слоу фуд президиумите и Арката на вкусот, каталогот на светскиот биодиверзитет.

Тера Мадре Балкан ќе биде можност да се претстават престојните активности за Тера Мадре Салон дел Густо кој ќе се одржи од 22 – 26 септември 2016 во Торино, Италија. Ќе учествуваат и претседателот на Слоу фуд Карло Петрини, неколку министри од албанската влада, како и градоначалникот на Тирана Ерион Велиај.

Четвртото издание на Тера Мадре Балкан е организирано во рамки на проектот на ЕССЕДРА, кофинансиран од ЕУ, а ќе се одржува во Албанија зашто мрежата на Слоу Фуд во оваа земја постојано и брзо расте.

Share Button