fbpx
ВестиМеханизацијаТоп вести

Како да се направи правилен избор при набавка на механизација?

 

Во време кога на пазарот се сретнуваат голем број брендови на  земјоделска механизација, одлуката што е најдобро да се купи, воопшто не е лесна. На што да се обрне внимание кога купуваме било каква механизација или опрема ?

Анализа на реални потреби за земјоделска механизација

Која  машина, трактор, плуг, сеалка и останата приклучна механизација да се одбере? Одговорот на ова прашање воопшто не е лесен, а си го поставуваат најчесто оние што се директно поврзани, земјоделците како индивидуалци така и поголеми стопанства, оние кои имаат голема потреба од механизација, односно се зависни од  неа, за да може да произведат повеќе и поквалитетно. Токму затоа кога ќе се донесе одлука за набавка на земјоделска механизација и останата приклучна опрема треба да се пристапи  со целосно внимание, за да се набави она што е најоптимално за определена активност и со чија помош во иднина ќе се постигнат поголеми успеси, објаснуваат стручните лица. Анализа на реалните потреби е основата од каде што треба да почне се’.

-При купување на земјоделска механизација има неколку типови на клиенти. Оние кои имаат  јасна визија што сакаат  да купат и каде  сугестиите на продвачите можеби  би помогнале, а можеби и не. Но ги има и такви кои не се сигурни што сакаат. Во случај кога клиентот си  направил добра анализа на површина  и за  потреба од земјоделска механизација, која му е основна механизација и кои операции ќе ги работи со таа машина. Тука веќе тој има јасна слика што сака да купи, бидејќи при набавка на механизацијата потребно е да ги знаеме следните податоци: кои површини ќе се преработуваат, со кои приклучни машини ќе се работи и потоа спрема потребите за обработка вршиме избор на приклучна механизација и трактор. Кога се знаат потребите, прво се избира приклучната механизација, а потоа тракторот, вели Оливер Лазаревски специјалист за техничка поддршка за избор на механизација.

Ова е битно за да се направи оптимално искористување на целокупната механизација. Да нема пресилен трактор со слаба приклучна механизација или тракторот  служи за основна обработка, а потоа за меѓуредна обработка, за помошни операции не ќе може да се користи, и обратно , па ќе треба корисникот да размислува за набавка на нов трактор.

Нова или половна машина?!

На пазарот на земјоделска механизација може да се сретнат најразличлни машини. Од оние што се од игла донесени од фабрика, но и оние половните дури и оние чиј работен век одамна поминал. Обично финансиите се тие кои најчесто одлучуваат, но планирањето на искористувањето на механизацијата треба да биде  одлучувачко.

-При работа со нова механизација, знаеме дека тракторот со приклучната механизација треба одредена операција да  изврши за одредено време и можеме да направиме планирање, точно која операција ќе ја почнеме, а кога ќе ја завршиме, за да ги задоволиме временските услови и оптималната обработка на површините. Земјоделието е  активност која не трпи чекање. Можи некои операции трпат, но некои не трпат никакво одлагање и механизцијата мора да биде во исправна состојба, постојано  да биде во полна кондиција за ние да можеме да работиме со таа машина и да планираме. На пр. кога има големи врнежи, потребата од заштита на растенијата е голема. Јас ако морам да испрскам за два часа оти после тоа следува неповолен период и  не смее да се прска, морам тоа да го зваршам во тие два часа. Тогаш мора машината да ми биде исправна и знам дека со тој трактор и тој тип на прскалка, јас можам во тој термин да ја испрскам таа површина.  Прашањето  и мојата одлука дали да се одлучам за нова механизација или половна машина може да биде, само механизацијата да може да одговори на потребите, објаснува Лазаревски.

Тој исто така го посочува планирањето, што и кога да се купи затоа што некогаш корисникот нема доволно финансии да ја купи одеднаш целата опрерма која ќе му биде потребна во процесот на производство. Во тој случај според направената анализа и поставените планови се купува онаа машина што е најприоритетна.

Ризикот при купување на половна механизација е многу голем

За одредени операции често може да помогне и половната механизација. Но таа носи многу ризици.При набавка на половна механизација корисникот  треба  многу да внимава.

-Кој производител е деклариран на таа механизација? Дали е тоа таа механизација што е декларирана од тој производител? Или нешто сосема друго кое  попатно добило некоја етикета и лепенки. Во принцип секогаш се работи за некоја префарбана механизација однадвор дотерана и на прв поглед изгледа примамливо, а понатаму кога ќе влеземе во експлоатација со неа да ни се појават проблеми. Колку таа механизација е застапена на пазарот, дали од тој модел на нашиот локален пазар во експлоатација има такви машини? Колку можам да се надевам на некој резервен дел кога ќе ми затреба? Ова се прашања на кои корисникот треба да најде одговор. Доколку таа машина, механизација ја нема на нашиот пазар, најпросто кажано, ја нема твојот комшија, не можеш да очекуваш дека некој дистирибутер на резервни делови ќе чува за една машина резервен дел. Во принцип резервните делови се малку поголема игра и  секој се труди резервниот дел да го продаде. Тоа е трговска роба и треба да се движи, затоа сите трговци дистрибутери се трудат да имаат резервни делови за тие модели кои ги има застапено во голем број на пазарот. За оние што не се застапени или има едно две парчиња за тоа, никој нема да се потруди да набави резервен дел и да го чува на залиха ,вели Оливер Лазаревски.

Декларацијата –  важен показател

Доколку декларацијата е во официјална продавница која е регистрирана како трговско друштво и ако некој би правел некакви измени на перформанси  на декларацијата во однос на фактичка состојба би било кривично дело. Но  доколку е тоа продажба меѓу физички лица тогаш за оваа работа не може да се докажува и да се занимава некој со таа работа. Кај тракторите податоците на декларацијата треба да одговараат со перфомрансите  зададени од производителот.

Со приклучните машини треба посебно да се биде внимателен, затоа што можни се и фалсификати кои тешко се откриваат. Опремата може да изгледа како оригиналот, автенчино, а всушност да е само убав фалсификат. Токму затоа набавката од познат продавач може да ги елиминира овие сомнежи. Оливер Лазаревски го споделува искуството во продавниците на Синпекс.

-Џон Дир е светски познат производител на земјоделска механизација кој има единствен систем во цел цвет , каде може дас се проверат перформансите на било која машина, нова илки половна. Ние можеме да му дадеме некои информации на купувачот дококлку системот напроизводителот ги има, вели Оливер.

Логистичка поддршка најважен елемент при купување на механизција

Во денешно време на пазарот може да се сретнат најразлични марки на механизација. Дали брендот е гаранција за квалитет?, ова е често поставувано прашање од страна на купувачите.

Брендот е една целина на перформанси зад кои стои одреден производител. Ги содржи карактеристиките на производот и со кој квалитет се.

Секој прозводител си произведува механизација адекаватно на потребите и цена избалансирана спрема квалитетот и можностите на неговиот производ. Брендот е гаранција дека купувачот зема производ за чии карактеристики ги гарантира производителот. Колку еден бренд е добар или лош може да се знае по логистичката поддршка што ја обезбедува продавачот, односно дистрибутерот.

-Најпознат бренд во земјоделската механизација е на пример Џондир. Џондир на светско ниво има логистика 24 /7 на цела земјина топка. Се работи за еден огромен добро организиран систем во секој момент достапен за купувачот на било која машина. Доколку немаме поддршка на производителот немаме поддршка на дистируибутерот на механизцијата. Производителот како прозиводител може да има поддршка, но да нема реазвиена мрежа на терирторијата каде јас ќе ја користам механизацијата, ако нема мрежа тогаш поддршката автомастки не ми е 24/7 туку 24/7 плус времето  кое е потребно на некоја сервисна екипа  или информација да стигне до корисникот.

Најбитно е да има поддршка 24/7  односно да  биде што е можно поблиску до корисникот, да биде достапна за корсиниците на машини за било каква услуга.

Дали високата цена е подобра?

Никако  не може  да се каже  дека евтиното е подобро од скапото,но и дека скапото  е поидеално од поевтиното. Секогаш може да се јават исклучоци. Затоа при набавката на опрема треба да се води сметка на пртеходно псочените елементи односно важно е да се направи правилен избор  на механизација која е адекватна на  потребите.

– Може да се случи  да купиме прескап плуг, а имаме трактор  со многу помала сила за тој плуг и, ние не можеме да бидеме среќни, бидејќи нема да ги добиеме бараните резултати. Важен сегмент се часовите на експлоатација на машината. Ако одредена машина мене ми треба за 20  работни часа што ќе ми е голема механизација. Подобро е  помала која ќе биде поевтина и ќе има подолго време на експлоатација на текот на годината. Често купувачите не можат да  ја направат потребната анализа, но затоа тука сме  ние, тимот за продажба во Синпекс кој им помага на купувачите да го направат најдобриот избор за нив, изјави за Зелена берза Оливер Лазаревски,специјалист за техничка поддршка за избор на механизација.

 

П.Јовановска

 

Тагови

Слични написи

Back to top button
Close