Како да се сузбие репкиниот сјајник

На почетокот на пролетта, голема е одговорноста и предизвикот, да се одреди дали е вистинско време за третирање на културите и кога е најдобро да се започне со заштита. Најдобро е со визуелен преглед да се процени во каква состојба е културата и дали на листовите е забележана појава на имаго. Доколку се забележи нивно присуство, а следува период на топло и стабилно време, тогаш неопходно е да се направи третман.

Маслодајната репка (Brassica napus L.) е атрактивна за одгледување и во Србија има тренд на раст на производството. Значајна е за прехранбената индустрија, во производството на биодизелот, но и како неопходно растение во плодоредот. Причина за тоа се поволните агроклиматски услови за одгледување на репката, но и профитабилноста на ова производство и стабилниот принос. Како што наведува професорот Јован Црнобарац, од Земјоделскиот факултет во Нови Сад, на меѓународно ниво маслодајната репка е поважно маслодајно растение од сончогледот, а кај нас е неоправдано малку застапена. За да бидат приносите повисоки, неопходно е пред се, добро да се подготви земјиштето и навреме да се одработи се што е поврзано со сеидбата.

Она што предизвикува намалување на приносот и големи проблеми во производството е појавата на се поголем број од популацијата на репкиниот сјајник, кој е се поотпорен на хемиските препарати со кои се третира.

Кога најчесто се јавува овој штетник?

Во зависност од предкултурите, присуството на самониклите растенија од фамилијата Brassicaceaeи временските услови, инсектите можат да нанесат голема или мала штета на маслодајната репка во есен или пролет. Како што наведуваат во Земјоделската стручна служба на Војводина, во есен доколку е потопло времето, без чести врнежи или без наводнувања, штетниците може да нанесат штети на културите кои се одгледуваат. Најзначаен меѓу нив секако е репкиниот сјајник, чија популација секоја година се зголемува.

На почетокот на пролетта, голема е одговорноста и предизвикот да се одреди дали е вистинско време за третирање на културите и кога е најдобро да се започне со заштита. Најдобро е со визуелен преглед да се процени во каква состојба е културата и дали на листовите е забележлива појава на имаго. Доколку се забележи нивно присуство, а следува период на топло и стабилно време, тогаш третманот е неопходно да се направи. Во некои години, сјајникот знае да направи штети и до 50% од приносот.

Во која фаза да се третираат растенијата

Карактеристично за репкиниот сјајник е тоа што при одбирањето на адекватниот инсектицид, потребно е исто така да се води сметка за опрашувачите, а тоа најчесто се пчелите. Од таа причина, третманот со инсектициди не смее да се врши во периодот на цутење. Препорачливо е да се изврши пред фазата на отворање на цветовите или во фазата на бутонизација или кога цветните пупки се затворени.

Кога со визуелна метода ќе се утврди дека на листот на едно растение има еден имаго, време е растенијата да се третираат со инсектициди. Обично еден третман не е доволен, така што мора да се повтори уште еднаш пред цутењето.

Да се води сметка за каренцата и активните материи

Инсектицидие со кои се третира репката, би требало да содржат активна материја cipermetrin, 50 грама на еден литар или hlorpirifos, 500 гр на еден литар. Формулацијата која дава најдобри резултати, најдобро е да биде во облик на емулзија. Каренцата за маслодајната репка е 56 дена.

Задолжително, придржувајте се на упатството на производителот, затоа што повеќето инсектициди се фитотоксични за другите растителни видови.

 

Зелена берза

Share Button