fbpx
ВестиМакедонија

Секој Македонец должи по 1452 евра

Според висината на личните долгови по основ на кредити, најзадолжени се Словенците со износ од 5.286 евра, потоа следуваат Хрватите со 4.208 евра, Црногорците со 2.239, граѓаните на БиХ со 1.536 евра, Македонците со 1.452 евра и на крајот Србите со просечно 1.443 евра долг.

Граѓаните на Хрватска се најзадолжени со вкупен долг кон банките по основ на заеми од 18 милијарди евра, а најмалку задолжени се жителите на Црна Гора, приближно 1,39 милијарди евра, според јануарските податоци на шест централни банки од земјите на поранешна СФРЈ, анализира Бизнис.рс.
На второ место според вкупниот долг се Словенците со износ од 11 милијарди евра, додека граѓаните на Србија се на трето место со износ од 10 милијарди евра. На четврто место се граѓаните на Босна и Херцеговина со 5,07 милијарди евра, а потоа  на Македонија со 3,01 милијарди и на Црна Гора со 1,4 милијарди евра.

Меѓутоа, кога се гледаат вкупните износи на долгот во однос на бројот на жители, излегува дека граѓаните на Србија се најмалку задолжени во споредба со другите земји кои потекнуваат од поранешната заедничка држава, пишува порталот Бизнис.рс.

Според висината на личните долгови по основ на кредити, најзадолжени се Словенците со износ од 5.286 евра, потоа следуваат Хрватите со 4.208 евра, Црногорците со 2.239, граѓаните на БиХ со 1.536 евра, Македонците со 1.452 евра и на крајот Србите со просечно 1.443 евра долг.

Интересно е да се види колку пораснала задолженоста на граѓаните во овие земји во текот на пандемиската 2020 година.https://nezavisen.mk/gragjanite-na-srbija-se-najmalku-zadolzheni-od-zemjite-vo-poraneshna-jugoslavija-kade-se-makedoncite/

Тагови

Слични написи

Back to top button
Close